Областа Луксор ― една од областите (гувернерства) на Египет, постоејќи од 7 декември 2009 година, кога поранешниот претседател Хосни Мубарак го објавил нејзиното одвојување од областа Кена.Luxor announced Egypt’s 29th governorate , извештај од Daily News Egypt од 7 декември 2009. Пристапено на 28 октомври 2021. Се наоѓа на 635 км јужно од Каиро. Моментално е најмалата област во Египет, која опфаќа приближно 5 км од север кон југ, и 1,5 км од исток кон запад и лежи во Горен Египет покрај Нил. Градот Луксор е главен град на областа Луксор.

Преглед И покрај тоа што областа е една од главните одредишта за туристи во Египет, стапката на сиромаштија е повеќе од 60% во оваа област, но неодамна биле обезбедени некои мрежи за социјална заштита во облик на финансиска помош и можности за работа. Финансирањето е координирано од Министерството за финансии на земјата и со помош од меѓународни организации.

Општински единици Областа е поделена на следните општински единици со вкупно проценето население заклучно со јули 2017 година од 1.255.703. Во некои случаи има еден марказ и кисма со истото име. +Општински единици Име Арапско име Арапска (латинична)транслитерација Население(проценка од јули 2017) Вид Курна 165.016 Марказ Луксор 243.817 Кизам (целосно урбана) Луксор 165.928 Марказ Армант 174.774 Марказ Есна 432.908 Марказ Тиба 73.260 Марказ

Амблем Амблемот на Луксор ја претставува бистата на Тутанкамон на палуба на староегипетско кану, крстарејќи по Нил, со обелиск и сончева светлина во позадина.

Географија Вкупната површина на областа е 2960 км2, што претставува 0,24% од површината на земјата.

Население На пописот во 2012 година, населението на областа која во 2009 година била создадена во новата област на Луксор било 1.064.000 луѓе. Од нив 47,4% живееле во урбани средини, додека 52,6% во рурални средини. Годишната стапка на раст на населението е 18,2 промили. Според проценките на населението од 2015 година, истата бројка е 1.147.058 со стапка на урбанизација од 37,8%.

Индустриски зони Според египетската Управа за инвестиции и слободни зони, подредена на Министерството за инвестиции, следните индустриски зони се наоѓаат во оваа област:

Ел Богдади (Нова индустриска зона на урбана заедница) Нова Тиба

Наводи

Надворешни врски

Службена мрежна страница на Град Луксор

Категорија:Области во Египет Категорија:Статии со извори на арапски (ar) Категорија:Појавено во 2009 во Египет