Манастир — археолошко наоѓалиште во охридското село Лактиње, Општина Дебрца. Претставува населба и црква од средниот век.

Се наоѓа на околу 8 км западно од селото и 3 км источно од Песочанска Река (Радомирска Река), преку врвот Славеј, на мала падина која денес е обрасната со густа растителност. На просторот се забележуваат урнатини од градба - црква со крстовидна основа. Северно од овој простор, теренот упатува на постоење на мала населба.

Поврзано Градиште — опидум (утврдена населба) од доцноантичко време Мега — населба од средниот век

Наводи