Лелешница — археолошко наоѓалиште во охридското село Лактиње, Општина Дебрца. Претставува некропола и доцната антика.

На северозападниот крај на селото, во нивите и бавчите и варниците, на длабочина од 1,5 м е откриен гроб граден од мермерни плочи. Во него имало два черепа и коски од долни екстремитети, а од прилози една мала бронзена монета. На овој простор мештанинот Наум Базгалоски нашол керамички сад - грне со три држалки.

Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.

Поврзано Белио — населба од средниот век Горица — населба од неолитското, бронзеното и доцноантичкото време и средновековна некропола Св. Никола — црква и некропола од средниот век Св. Петкина Нива — некропола од римското време Св. Спас — црква и некропола од срецниот век Сред Село — населба од неолитот

Наводи