Градиште — археолошко наоѓалиште во охридското село Лактиње, Општина Дебрца. Претставува опидум (утврдена населба) од доцната антика.

Се наоѓа на околу 2 км јужно од селото и северно од патот што води кон планината Зајгазица. Се простира на зарамнета падина по чија површина се забележуваат остатоци од тврдински ѕид и фрагменти од градбена и садова керамика.

Поврзано Манастир — населба и црква од средниот век Мега — населба од средниот век

Наводи