Липариново (, Липаро; до 1926 г. Λιπαρίνοβο, ЛипариновоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιπαρίνοβο -- Λιπαρό) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 303 жители (2021), од кои апсолутно мнозинство се Македонци.
Географија Селото е сместено во Ениџевардарското Поле (дел од Солунското Поле), 3 км југозападно од Кадиново и северозападно од Пласничево.
Историја Среден век Селото за првпат се спомнува во 1357 г. како Липарино со 210 жители.
Во Отоманското Царство Во XIX век селото се наоѓало во месноста Бекер, но во 1840 г. било преплавено од реката Мегленица, па затоа е преселено на денешното место.Липариново на порталот на Општина Александар Велики Црквата „Св. Јован Претеча“ е изградена во 1864-65 г. На почетокот на ΧΧ век Липариново е заведено како село в Ениџевардарска Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Липариново броело 100 жители Македонци и 30 Роми.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Липариново (Liparinovo) имало 160 Македонци под Цариградската патријаршија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Липариново било мегленско со 30 куќи.
Во селото селото работела бугарската пропаганда. Според инспекторот Никола Хрлев во 1909 г. во Липариново имало бугарско училиште.
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 35 македонски куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 154 жители, и исто толку жители во 1920 г. Во 1926 г. селото е преименувано во Липаро. Во 1928-1930 г. во селото се доведени 18 грчки колонисти од Понд (4-5 семејства). Така, во 1928 г. селото броело 188 жители, од кои 170 биле домородни Македонци. Во 1935 г. се доселиле и некои Власи од епирското село Денско (Аетомилица).
Во 1940 г. Липариново имало 384 жители и доживеало умерен пораст во следните десетлетија поради поволните стопански услови, иако во 2011 г. доживеало пад на 368 жители.
Население
Стопанство Селото лежи во поле и целосно се наводнува, поради што дава високи приноси. Главни производи се овошјето (праски и јаболка), памукот, житото, пченката и др. Застапено е и краварството.
Личности Кољо Треболски (1884 – 1913) — борец во Балканските војни„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 731.
Поврзано Црква „Св. Јован Претеча“ - Липариново Солунско Поле
Наводи
Категорија:Постол