Ново Село или Ени Ќој (, Литарија; до 1926 година: Γενήκιοϊ, ЕниќојΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γενήκιοϊ -- Λιθαριά) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото е сместено во подножјето на југозападниот дел на планината Пајак, на надморска височина од 230 метри.
Историја
До 1924 година селото било населено со чисто македонско население.
По завршувањето на Грчко-турската војна во 1922 година, во него биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 19 бегалски семејства со вкупно 72 жители.
Во 1926 година, името на селото било променето во Литарија (Λιθαριά).
Селото настрадало за време на Граѓанската војна, кога во зимата 1947 година неговото население (според статистиката на НОФ, 26 Македонци и 126 бегалци) било присилно преселено од грчките монархистички власти во селото Мандалево. Откако се смирила состојбата, населението се вратило назад и го обновило селото.
Стопанство
Бидејќи е планинско, селото е доста пасивно, со тоа што основно занимање на населението е сточарството, а делумно земјоделството.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Ново Село (Ени Ќој) живееле 65 Македонци.Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 147. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село (Novo-Selo) имало 80 Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 102 - 103.
Во пописот од 1913 година било забележано со 25, а во 1920 година со 26 жители. Грчките власти во 1924 година тука сместиле и неколку бегалски семејства, така што Ново Село станало мешана населба, која во 1928 година била забележана со зголемен број жители, односно 114, од кои 70 бегалци, а во 1940 година биле попишани 156 жители. За време на Граѓанската војна, населението присилно било иселено од селото, а по завршувањето на истата, повторно било обновено. Во 1951 година биле забележани 153 жители. Во 1961 година имало 224, во 1971 година 115, во 1981 година само 24, а во 1991 година 10 жители. Намалувањето на бројот на населението се должело на преселувањето на дел од бегалските семејства во поголемите градски центри во земјата.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 6 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1 жител.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Мениида со седиште во селото Калиница, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Дреново, во кој покрај Ново Село, влегува и селото Дреново.
Наводи
Белешки
Категорија:Вртикоп