Обор или Омбар (, Арависос; до 1926 г. Όμπαρ, ОбарΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Όμπαρ -- Αραβησσός), на турски: Дерменџик — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до Првата светска војна било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото е сместено во Солунското Поле, во подножјето на планината Пајак, на 13 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар). Низ селото поминува Оборска Река (или Обор), на други места наречена и Белица.

Историја Антика Јужно од селото, на местото на поранешното село Градиште, се наоѓаат рушевините на древномакедонскиот град Кир.

Во Отоманското Царство На почетокот на XX век Обор било мало селце во Ениџевардарска Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Обор (Дерменлик) броел 21 жител, сите Македонци.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 10 жители. Во текот Првата светска војна тука се доселиле поголем број Власи од селото Голема Ливада, па во 1920 г. Обор броел 111 жители, од кои поголемиот дел биле влашки преселници. Во 1924 г. властите изградиле нови живеалишта и во селото довеле туркојазични грчки колонисти од Турција. Едни биле Караманлии од селата Арависос и Енехил, други биле тракиски Грци од Тајфир (Тајфурќој) во Галиполско, а трети од Галата во Цариград. Во 1926 г. името на селото е сменето во Арависос. Во 1928 г. во селото се заведени 1.454 дојденци од 408 семејства, а според Тодор Симовски селото таа година имало 1.207 лица, заедно со малубројните македонски староседелци.

Во 1940 г. Обор броел 1.437 жители. За време на Втората светска војна грчките дојденци како колаборационисти му нанеле големи зла на македонското население во сето Ениџевардарско, а истото важело и во Граѓанската војна, застанувајќи на страна на монархистичката власт, поради што претрпеле големи загуби од ЕЛАС и ДАГ. Според статистиката на НОФ, во 1947 г. во селото имало 12 Македонци, 100 Власи, а сите останати биле грчки дојденци.

И покрај загубите, по војната во 1951 г. селото имало 1.444 жители и продолжило да се развива и во понатамошните десетлетија.

Население

Стопанство Бидејќи е полупланинско, Обор има ограничени обработливи површини. Дел од земјиштето се наводнува од истоимената река Обор која извира под селото. Главни производи се овошјето, пченицата, памукот, тутунот и др. Застапени се и овчарството и краварството.

Поврзано Пајак (планина) Солунско Поле

Наводи

Категорија:Постол