Лозаново (, Палефито; до 1927 г. Λοζάνοβο, ЛозановоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λοζάνοβον -- Παλαίφυτον) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.225 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено со Македонци и Турци.

Географија Селото е сместено во Солунското Поле, 3 км северно од Кадиново и околу 15 км западно од Ениџе Вардар (Пазар).

Историја Во Отоманското Царство На почетокот на XX век Лозаново било село во Ениџевардарска. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лозаново броело 120 Македонци и 150 Турци.

Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, Лозаново било мешано македонско и турско село со 15 куќи.

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лозаново (Lozanovo) имало 64 Македонци под Цариградската патријаршија (грчката црква).Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103. Српскиот географ Боривое Милоевиќ забележал дека во периодот пред Балканските војни селото имало 4 македонски и 24 муслимански куќи. Ова се должи на фактот што највеќето македонски семејства го напуштиле селото пред војните.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 168 жители, кои во 1920 г. се накачиле на 202. Во 1920-тите турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени малоазиски Грци од Кидија кај Бурса, а во 1924 г. и од источнотракиски Грци од селото Петрохори кај Чаталџа.Лозаново на порталот на поранешната општина Александар Велики Така, Лозаново станало чисто дојденско село во кео останале само две македонски семејства. Во 1927 г. селото е преименувано во на Палефито. Според пописот од 1928 г. во селото живееле 816 лица, од кои 759 жители (213 семејства) биле грчки дојденци.

Во 1940 г. Лозаново броело 1.412 жители. Според статистиката на НОФ во 1947 г. во селото останале само 7 Македонци. Во 1951 г. е забележано намалување на 1.227 лица, веројатно поради војните. Во следните десетлетија населението почнало да расте поради поволните услови.

Население

Стопанство Бидејќи лежи во поле и највеќето земја се наводнува, селото се смета за мошне богато. Најважни производи се овошјето (јаболка, праски, круши), памукот, бостанот, детелината, пченицата и др. Развиено е и краварството.

Поврзано Солунско Поле

Наводи

Категорија:Постол