Мери Балијан, родена Алексанијан, (25 јануари 1925 во Марсеј, Франција - 13 септември 2017 во Источен Ерусалим) била ерменска уметница и керамичка сликарка, особено позната по нејзините импресивни мурали од керамички плочки.
Нејзиното семејство потекнувало од малиот турски град Кутахија. Тие побегнале од Турција во Грција во 1917 година. Оттаму со брод заминале за Франција. Мери пораснала во Лион, Франција. Како шестгодишно девојче почнала да црта, а на десет години правела портрети. Студирала на École Nationale Supérieure des Beaux-Arts во Лион, но морала да се откаже поради финансиски причини. Во 1953 година го запознала нејзиниот далечен братучед Сетрак кој студирал керамичка технологија со Реј Финч и Бернард Лич во Англија. Тие се венчале во 1954 година во Витлеем.
Нејзиниот придонес во уметноста на Блискиот Исток се манифестира преку воведувањето на повеќе ерменски елементи, како што се дрвјата, животните и птиците во примитивен стил, со што го издигнала занаетот на ниво на ликовна уметност. Таа додала динамика на она што традиционално биле статични композиции, со што делата уште повеќе потсетувале на славната убавина на природата. Мери Балијан во својата уметност почнала да се фокусира на концептот на рајските градини и погледите кон рајот. Таа се осврнала на 13-тиот век, кога персиските уметници ги фаворизирале градинарските сцени во нивните насликани керамички плочки. Симетријата го отстапила местото на динамичната асиметрија. На подоцнежна возраст и самата станала свесна дека е алка во античкиот синџир и дека одиграла клучна улога во спасувањето на една гранка од вековната традиција од заборав. „На мене многу ми е лесно. Како да сум го правела ова во поран период, како во четвртиот, петтиот или шестиот век“. Таа станала мајстор-сликар на балијанското ателје во Источен Ерусалим, на палестинска керамика и била генерално познат уметник.
Во воведот на документарниот филм „The Glimps of Paradise“ за нејзиниот живот и уметност и светското признание, Мери е опишана како една од иконите на светот на уметноста во Ерусалим. Книгата „Рајски птици“ дополнително ја документира нејзината ликовна уметност.
Балијанското семејство мини| Ерменска керамика во работилницата на Мери Балијан, копија од мозаикот „Дрво на животот“ од Хишамската палата Во 1600-тите, ерменските занаетчии во мал турски град по име Кутахија развиле карактеристичен „исламски“ стил во декоративната керамика, а исто така развиле и серија уникатни и веднаш препознатливи локални стилови, кои вклучувале разиграни фигури, керамички јајца, шолји за кафе, тегли со розова вода и разни видови на вотивни фигурини. Кон крајот на 1918 година, британските власти го поканиле Дејвид Оханесјан (commons), познат керамичар кој основал работилница во Кутахија во 1907 година и развил меѓународна клиентела таму, но тој бил депортиран во Алепо во 1916 година и отпатувал во Ерусалим за да се консултира за планираното британско реновирање на поплочувањето на куполата на Карпата. По некои експерименти со печката од 19-тиот век и локални материјали, Оханесјан се вратил во Кутахија за потребните глини и други минерали и да ги регрутира преостанатите ерменски керамичари да му се придружат во Ерусалим. Оханесјан донел 8-10 занаетчии од Кутахија во Ерусалим во 1919 година, вклучувајќи го експертниот грнчар на тркала Нишан Балијан и успешниот сликар Мгрдич Каракашијан. Балијан и Каракашијан работеле под водство на Оханесјан до 1922 година, кога го отвориле второто ерменско керамичко ателје во Ерусалим, сместено на улицата Наблус. Во 1966 година, семејствата Балијан и Каракашијан ги поделиле своите бизниси и основале посебни работилници. Ателјето на Балијан било познато по палестинската керамика, а Мери била мајсторска сликарка. Нешан, синот на Мери се чувствувал принуден да ја продолжи семејната традиција и студирал керамичко инженерство во САД.
Слава и признание Мери Балијан го привлекла светското внимание во 1992 година кога Смитсонијанскиот институт, националниот музеј на САД, и оддаде почит на нејзиното творештво со шестмесечно шоу. Изложбата „Погледи на рајот“ опфатила повеќе од 20 панели со големина на ѕид кои заедно ја презентирале концепцијата на уметникот за рајската градина. Изложбата била толку добро прифатена што галеријата го продолжила периодот на изложување. Следиле понатамошни изложби во Бостон (АЛМА музеј), Израел (Музеј Ерец Израел) и Аликанте, Шпанија. Делата на Балијан се прикажани на поштенски марки и биле во многу публикации. Творештвото на Балијан е широко распространето во повеќе музеи, вклучувајќи го музејот Викторија и Алберт во Лондон, Англија.
Делата од изложбата „Погледи на рајот“ биле поставени во персиската градина во Васенар, Холандија.
Галерија
Наводи
Категорија:Статии со hCards Категорија:Починати во 2017 година Категорија:Родени во 1925 година Категорија:Ерменци Категорија:Уметници