Ана Дере или Трипотамос (, Ανά Ντερέ) — река во Берско, Егејска Македонија која поминува низ градот Бер.

Опис Реката извира од јужните делови на планината Каракамен, јужно од с. Кастанија. Тече во североисточен правец и минува низ с. Топљани. Кај некогашното село Горна Лужица свртува на северозапад, го одминува с. Лужица (Долна Лужица) и ја прима големата лева притока Гавана. Продолжува на североисток и проаѓа низ северозападните населби на градот Бер. Тука на реката стои стариот Синан-бегов мост, изграден во 1585-86 г.

Откако ќе го напушти градот, тече на североисток и кај Нова Луковица се влева во реката Мегленица како нејзина десна притока.

Притоки → лева, ← десна → Гавана ← Карадере

Поврзано Синан-бегов мост Бер

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Бер Категорија:Бистрички слив (егејски)