Симона Халеп (родена на 27 септември 1991, во Констанца) — романска тенисерка и поранешен светски број еден, која во досегашната кариера има освоено два гренд-слем трофеи.

Таа го привлекла вниманието во сезоната 2013, во која освоила шест турнири. Истата година ја добила наградата за најперспективен играч во светот.

Халеп стигнала до финалето на Отвореното тениско првенство на Франција во 2014 година и загубила од Марија Шарапова во три сета, а во 2017 година играла во своето второ финале и повторно загубила во три сета, овој пат од Јелена Остапенко. Во својата кариера освоила дваесет и четири титули во поединечна конкуренција и една во двојки.

По неколку сезони на самиот врв на женскиот тенис, таа ја заврши сезоната 2017 како најдобра тенисерка во светот, а истото го сторила и во 2018 година. Таа е првата Романка кој станала број 1 на WTA листата во поединечна конкуренција.

Симона го освоила својот прв гренд-слем на Отвореното првенство на Франција во 2018 година победувајќи ја Слоун Стивенс од САД. Симона го освоила својот втор гренд-слем турнир на Вимблдон во 2019 година, со победа во финалето против Серена Вилијамс од САД.

Личен живот Халеп почнала да игра тенис на четиригодишна возраст под влијание на нејзиниот татко Стерjo и постариот брат Никола. Мајката Тања понекогаш патувала со својата ќерка на турнири. Нејзиното семејство се Власи по потекло од Македонија .

Таа играла на сите видови подлоги и ги именувала Жастин Енен и Андреј Павел како нејзини тениски идоли. Таа ја добила наградата Cetățean de onoare, почесен граѓанин на градот Букурешт, во 2018 година.

Во септември 2021 година се омажила за Тони Јуруч, милијардер по потекло од Македонија.

Стил на игра Халеп игра со десната рака, од форхенд со една рака и со две раце од бекхенд. Таа во текот на играта може да комбинира директни и шутеви со поголема ротација. Иако е висока само 168 см, нејзиниот сервис е многу конзистентен и може да стигне до 175 км/ч. Таа може да се окарактеризира како агресивен играч од основната линија.

Жастин Хенин ја карактеризирала играта и стилот на Халеп на следниов начин:

Тренери, стручен тим и опрема Нејзиниот прв тренер бил Џон Стен, локален тениски тренер во Констанца. Тренер на Халепова извесно време биле Адријан Марс, Андреј Млендеа и Фирицел Томај.

Во јануари 2014 година, Симона Халеп го ангажирала белгискиот тренер Вим Фисет, поранешен тренер на Ким Клајстерс и Сабина Лисицки. На крајот од годината решила да ја прекине соработката со него и го ангажирала романскиот тренер Виктор Јонит, додека Томас Хогштет ѝ бил консултант за обука на првите три турнири од годината. Во ноември 2015 година, Халеп објавила дека Дарен Кејхил ќе биде нејзин тренер со полно работно време, почнувајќи од јануари 2016 година. Работела со Кејхил до 2018 година и освоила една гренд-слем титула. Почнувајќи од 2019 година нов тренер на Хелеп е Даниел Добре од Романија. Нејзин менаџер е Виргинија Ружиќ. Спаринг партнер на тренинзите ѝ е Тео Керзел.

Халеп е спонзорирана од компанијата Најк, таа го потпишала договорот во февруари 2018 година. Пред тоа таа била спонзорирана од Адидас,Simona Halep joins the adidas family , Adidas official website, 7. 5. 2014. а пред мај 2014 година од француската компанија Лакост. Во ноември 2014 година, таа потпишала тригодишен договор со Водафон Романија.Simona Halep a semnat pe 300.000 de euro anual cu Vodafone Од 2017 година Халеп е амбасадор на брендот Mercedes-Benz за Романија.

Јуниорска кариера лево|мини|Халеп со трофејот Ролан Гарос во јуниорска конкуренција во 2008 Помеѓу 2006 и 2010 година, Симона го посетувала спортското средно училиште „Николае Ротару“ во Констанца. Во 2014 година дипломирала на Факултетот за физичка култура и спорт на Универзитетот „Овидиус“ во Констанца.

На 13-годишна возраст го играла својот прв јуниорски турнир и постепено се пробила во јуниорска конкуренција. Во четвртфиналето на Австралија опен за јуниори во 2008, таа ја победила Анастасија Пављученкова, но потоа била поразена во полуфиналето од Џесика Мур. Во 2008 година, Халеп го освоила Отвореното првенство на Франција во јуниорска конкуренција. Во финалниот меч ја победила сонародничката Елена Богдан со 2:1 во сетови.

Професионална кариера

2008-2009 година Таа дебитирала на најпрестижните турнири во 2009 година на Ролан Гарос. Во првото коло ја победила Михаела Крајичек, но во следното коло загубила од Виталиј Дијаченко.

2010-2012 година Симона Халеп значително напредила во својата кариера во 2010 година. На турнирот во Марбела, таа стигнала до четвртфиналето, каде што загубила од Флавија Пенета која била рангирана 16-та во светот и која подоцна станала шампионка на турнирот. Откако била елиминирана во првото коло во Барселона против Суарез Наваро, таа го доживеала најголемиот успех во кариерата досега. Како прва носителка се пласирала на турнирот во Фес, Мароко. Таа последователно ги победила Луција Храдецка (8-ма носителка), Олга Савчук, Пати Шнидер (втора носителка) и Рената Ворачова, но го загубила финалето од Бенешова со 2:0 (6:4, 6:2).

На Ролан Гарос и УС Опен 2010 ги минала квалификациите, но била елиминирана уште во првото коло од Сем Стосур и Јелена Јанковиќ. мини|Симона Халеп во 2012 г. Во Окленд на почетокот на следната сезона стигнала до четвртфиналето, но била елиминирана од Жанина Викмаер.

Големиот успех на Халеп на најпрестижните турнири бил на Австралија Опен во 2011 година. На само 20 години, таа стигнала до третото коло. Попатно ја исфрлила квалификантката од Луксембург, Ана Кремер со 6:3, 3:6, 6:2, 24, носителка од Русија, Клејбанова со 6:4, 7:6 (2), а била сопрена од Ага Радвањска со 6:1, 6:2.

На следните два гренд-слем турнири Халеп била елиминирана во 2-рото коло, и тоа во Париз од Стосур, а во Лондон од Серена Вилијамс.

Првата победа над ТОП 20 тенисерка ја постигнала на Роџерс купот, каде во првото коло играла против Кузњецова. Меѓутоа, тој меч, кој траел повеќе од 2 часа, ја изморил Халеп и веќе во следната рунда била елиминирана од Шафарова. Првата победа над ТОП 10 тенисерка се случила само неколку недели по претходната голема победа. На УС Опен Халеп играла со На Ли, иако „влечела“ повреда од Канада. Халеп победила со 2:0, во сетови 6:2, 7:5. Таа загубила од Суарез Наваро во второто коло. Во тоа време веќе можело да се зборува за стилот на Халеп и за нејзината иднина, бидејќи во тие два меча од првото коло таа ги натерала своите далеку подобро рангирани противнички на 50, односно 54 неизнудени грешки.

Резултатите во 2012 година не ѝ биле толку добри како на крајот од претходната сезона. Халеп честопати била елиминирана во првите кола на турнирот од тенисери со послабо рангирање. Сепак, таа успеала да стигне до третото коло на Индијан Велс и Мајами. Својот најдобар резултат го постигнала на турнирот во Брисел. Таа во првото коло во три сета ја победила големата фаворитка, осмата носителка Јелена Јанковиќ, а потоа лесно побдеила и против сонародничката Николеска. Против Цибулкова го загубила првиот сет без да добие гем, но ги добила следните два. Таа во полуфиналето победила против Софија Арвидсон, а во финалето загубила од Радвањска со 7-5, 6-0. До крајот на сезоната имала многу слаби резултати, само неколку пати играла во второто коло на еден турнир.

На крајот од сезоната во 2012 година Халеп била на 47-то место на ВТА ранг-листата, само 6 позиции подобра од претходната година.

2013: Успех лево|мини| Симона Халеп во 2013 г. Својата најдобра сезона во досегашната кариера ја отворила со турнир во Окленд, каде во второто коло била елиминирана од Радвањска. Таа го достигнала истото ниво на конкуренција пред Слоун Стивенс да ја елиминира. Стивенс ја победила и во првото коло на Австралија Опен. По поразот од Винчи во Париз, Халеп имала проблеми со повреди, па натпреварите од второто коло во Доха и Дубаи им ги предала на Ана Ивановиќ и Хантухова. На првите два Мастерс турнири од сезоната стигнала до 2-ро и 3-ро коло, каде била поразена од многу повисоко рангирани играчи. По раната елиминација во Мадрид, Симона блеснала во полн сјај. На Мастерсот во Рим, таа ги минала квалификациите, а потоа сукцесивно ги победила Кузњецова, Радвањска и Винчи, кои ги победила на претходните турнири, потоа повторно ја победила Јелена Јанковиќ, но била запрена од светскиот рекет број еден, Серена Вилијамс. Американката ѝ дала само 3 гема, сите во вториот сет.

На Ролан Гарос, истоштена од претходниот турнир, на стартот била исфрлена од Суарез Наваро од Шпанија.

Халеп ја добила својата шанса на турнирот во Нирнберг, каде што била седма носителка. Таа лесно победувала против некои ниско рангирани и малку познати ривали, но во полуфиналето играла против Шафарова. Иако го изгубила вториот сет без да освои гем, Халеп продолжила понатаму и во финалето ја победила Андреа Петковиќ со 6:3, 6:3. Ова бил прв турнир што Халеп го освоила во кариерата, а кој бил во организација на ВТА.

Веднаш по триумфот следел следниот. На турнирот во Хертогенбош, Халеп на патот до трофејот ги исфрлила првата, третата и четвртата носителка (Винчи, Суарез Наваро, Флипкенс).

Таа на Вимблдон загубила од многу подобро рангираната Ли со 2:1 во сетови (6:2, 1:6, 6:0).

Таа имала лесна работа во Будимпешта, каде победила 5 далеку полоши играчи и освоила нов пехар.

Таа ја започнала американската турнеја во Синсинати, каде ги победила носителката Бартоли, актуелната шампионка на Вимблдон, која се повлекла набргу по турнирот поради повреда, и Сем Стосур, и стигнала до четвртфиналето каде била поразена од првата носителка, Серена Вилијамс.

Освоила нова титула во Њу Хевн. Халеп последователно ги победила Хантухова, Суарез Наваро, Екатерина Макарова, Возњацки и во финалето Квитова.

На УС Опен била запрена во четвртото коло, каде Флавија Пенета победила во два сета.

Серијата од малку полоши резултати завршува со турнирот во Москва каде освоила нова титула, овој пат без загубен сет. Таа во финалето ја совладала Стосур со 7:6 (1), 6:2.

Таа го одиграла последниот турнир во сезоната во Софија. Со три водења во групата пред Свитолина, Пављученкова и Корне, а потоа и Ивановиќ и Стосур, Халеп победила и на женскиот турнир.

Во текот на 2013 година Халеп напредувала дури 36 позиции со што од 47-то место дошла на 11-то. Во сезоната освоила 6 титули, без да го загуби финалето. За време на овие игри таа стекнала голем број фанови, а ја добила и наградата за најперспективен играч на светот.

2014: Прво гренд-слем финале, ТОП 3 мини|Халепова позира со трофејот на Катар Опен во 2014 година. Халеп решила да ја отвори сезоната во Сиднеј, но на самиот почеток на турнирот загубила од Американката Медисон Кис.

На Австралија опен, таа стигнала до првото четвртфинале на гренд-слем турнирите. Попатно ја победила осмата носителка Јелена Јанковиќ со 6:0 во решавачкиот сет. Таа била запрена од Цибулкова и тоа сосема убедливо поради здравствените проблеми кои Халеп ги имала во тоа време. Првата титула во сезоната 2014 ја совоила во Доха. Овде ги победила Каја Канепи, Аника Бек, Сара Ерани, Агњешка Радвањска и Анџелик Кербер.

На првиот Мастерс во сезоната стигнала до полуфиналето каде Радвањска и се реванширала. Таа го пропуштила Мастерсот во Мајами. Во Мадрид стигнала до финалето, постигнувајќи го својот најдобар резултат во досегашната кариера. Таа била сопрена од Шарапова, иако Халеп одлично го отворила натпреварот со 1:6, 6:2, 6:3.Maria Sharapova beats Simona Halep to claim Madrid Open title, ABC Grandstand Sport (Australian Broadcasting Corporation), 12. 5. 2014. На Мастерсот во Рим, таа го загубила мечот во второто коло од Карли Суарез Наваро.