Филип Гачевски (роден на 17 август 1990 г.) — македонски професионален фудбалер кој игра на позицијата голман во Вардар.
Клупска кариера Гачевски ја започнал својата професионална кариера во неговиот роден град, Мурска Собота, во клубот Мура 05. Во летото 2010 година, тој преминал во редовите на австрискиот бундеслигаш ФК Капфенберг, а во текот на неговиот престој во Австрија, тој исто така бил позајмен на второлигашот Луштенау 07, во сезоната 2012–13.
Во јуни 2014 година, Гачевски потпишал договор со Брегалница, каде што се задржал само една сезона, во која успеал да го собори рекордот на Томе Пачовски, за најмногу минути без примен гол во македонската прва лига, поставувајќи нов рекорд од 912 минути.Штипјанецот Гачевски сруши рекорд, 912 минути без примен гол Канал 5; 25 мај 2015
Во јуни 2015 година, Гачевски потпишал тригодишен договор со Вардар.Гачевски потпиша за Вардар mkd.mk; 17 јуни 2015 Тој бил дел од историскиот успех на црвено-црните во сезоната 2017–18, кога Вардар станал првиот македонски клуб со учество во групната фаза од Лига Европа, и бил во почетниот состав во двете победи над турскиот прволигаш Фенербахче во плејоф фазата. Во сезоната 2018–19, тој го израмнил рекордот на Томе Пачовски од 19 натпревари без примен гол во една натпреварувачка сезона од македонското првенство.Гачевски го израмни рекордот на Пачовски: Горд сум на ова, во иднина уште подобро! sport1.mk; 20 мај 2019 Во летото 2020 година, по пет сезони во Вардар, каде што ја носел капитенската лента и со кого освоил три титули во македонската прва лига, Гачевски се разделил со клубот.Капитенот си оди кога нема пари – Филип Гачевски не се договори за да остане во Вардар Екипач 28 јули 2020
По една сезона помината на Кипар, во клубот Еносис Паралимни, Гачевски повторно се вратил во Вардар, потпишувајќи тригодишен договор со црвено-црните во декември 2021 година.Филип Гачевски се врати меѓу стативите на ФК Вардар! Gol.mk; 19 декември 2021 На 26 април 2023 година, во победата од 3–0 над Слога Виница во втората македонска лига, Гачевски прославил јубилеј од 100 натпревари во дресот на Вардар без примен гол.Гачевски до импресивна јубилејна стота „чиста мрежа“ во дресот на Вардар gol.mk; 26 април 2023
Постигнувања
Македонска прва лига (3): 2015/16, 2016/17, 2019/20 Суперкуп на Македонија (1): 2015
Поединечни Најдобар фудбалер во македонската прва лига: 2015ФФМ ги награди најдобрите за минатата сезона (ФОТО) mkd.mk; 15 декември 2015
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Брегалница 2008 Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Македонци во Словенија