Селиште — населба од римското време во атарот на селото Подлес, Македонија. Источно од селото, од левата страна на селската река, на површина од околу 1 хектар се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Од ова наоѓалиште потекнува и капителот што се чува во лапидариумот на Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано Лозје — осамен наод од римско време; Прдловец — населба од римско време; Ридот — некропола од римско време; Подлес; и Список на археолошки наоѓалишта во Велешко.
Наводи
Категорија:Подлес