Лисички Дупки — археолошко наоѓалиште во велешкото село Ногаевци. Претставува некропола од доцноантичкото време. На 1 км источно од селото, а исто и од реката Вардар, на површина од околу 3 декари, при пошумувањето на просторот биле пронајдени повеќе гробови од камени плочи, тегули и имбрекси. Наодите се чувани во Народниот музеј во Велес.
Поврзано Горна Црква — некропола од доцноантичкото време; Грамади — населба од римското време; Задружен Блок — тумул од веројатно железното време; Ограѓе — населба од доцноантичкото време; Црвеници — населба и некропола од доцноантичкото време; Ногаевци; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи