Задружен Блок — археолошко наоѓалиште во велешкото село Ногаевци. Претставува тумул од веројатно железното време. Во блокот број 5 на стопанството „Вардар“ благо се издига гребен, издолжен во правец север-југ, на кој има тумул со мали димензии од околу 5-7 м во пречник и 60 см во висина. Тумулот е доста оштетен од трајното орање на теренот.
Поврзано Горна Црква — некропола од доцноантичкото време; Грамади — населба од римското време; Лисички Дупки — некропола од доцноантичкото време; Ограѓе — населба од доцноантичкото време; Црвеници — населба и некропола од доцноантичкото време; Ногаевци; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи