Пиринџа — археолошко наоѓалиште кај светиниколското село Мустафино. Претставува населба и некропола од бронзеното време.
Во нивите на Ј. Божилов, Ц. и К. Михајлови и М. и С. Цекови, кои се наоѓаат на околу 3,5 км јужно од селото и во близината на железничката пруга Велес - Штип и автопатот А3, има многубројни фрагменти од керамички садови со држалки што завршуваат во вид на рокче. Преовладува црната убаво мазнета керамика.
Поврзано Немашница - Рамниште — населба од римско време Турски Гробишта — населба и некропола од римско време Ќерамидница — населба од доцноантичко време Узун Мери — палеолитска населба
Наводи