Горно Село — археолошко наоѓалиште кај велешкото село Нежилово, Општина Чашка. Претставува топилница и црква со некропола од старохристијанско време.

На 3 км северно од селото, во непосредната близина на утоката на Ливадичка (Ливничка) Река во Бабуна, во нивата на Т. Неделковски се среќаваат голем број остатоци од згура од топено железо. Видливи се темели од старохристијанска црква, а околу неа гробови градени од камени плочи. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Велешко

Наводи