ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ (целосно име: Државно средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“) — средно училиште во Скопје, Општина Центар. Во него се образувани кадри од ликовната и применетата уметност и претставува единствено училиште од ваков вид во Македонија. Го носи името на познатиот македонски сликар Лазар Личеноски.
Основање и развој Училиштето е основано со акт на АСНОМ во 1945 година, тогаш како средно художествено (уметничко) училиште. Со решение на Министерството за просвета на Народна Република Македонија на 14 ноември 1950 година, училиштето е верифицирано како „училиште за применета уметност“. Од 1980 година, училиштето го носело името „2 Август“. Со решение за промена на името од 22 декември 1993 година, училиштето добило свој патрон, и сега го носи името на познатиот македонски сликар Лазар Личеноски.
Учество на натпревари Освоени награди Познати личности кои учеле во ова училиште Благоја Николовски, сликар Марјана Станојковска, победничка на Мис Бикини на Универзумот во 2005 Елена Сајковска, сликар Хелена Роза, ТВ водител, модел, новинар Филип Коруновски, сликар и вајар
Надворешни врски
Мреж. место на училиштето Портал за основните и средните училишта во Македонија
Категорија:Средни училишта во Општина Центар Категорија:Лазар Личеноски Категорија:Појавено во 1945 година во Македонија