СУГС „Лазар Танев“ (целосно име: Средно училиште на Град Скопје „Лазар Танев“) — средно училиште во Скопје, Општина Центар. Училиштето е именувано по првиот градоначалник на Град Скопје по државотворноста на Македонија, Лазар Танев.
Основање и развој Училиштето е основано во 1949 година со решение на Владата на НРМ по предлог на Комитетот за угостителство и туризам. При формирањето се мислело училиштето да квалификува квалификуван кадар за угостителство од сите профили: келнери, готвачи и слаткари. Бројот на учениците во првите години бил мал, а со зголемувањето на потребите од угостителски кадар се зголемувал и бројот на учениците.Една учебна година училиштето работело во Охрид, потоа во Битола, а од 1950/51 во Скопје на ул. Огњан Прица бр. 5.
Од октомври 1986 година центарот се префрлил во адаптираните простории на поранешното основно училиште „Владо Тасевски“, каде што и денес се наоѓа.
На 28.03.2006 година настанува промена на името на училиштето (Средно училиште на Град Скопје „Лазар Танев“) и истото преминува во надлежност на Град Скопје. Од учебната 2008/2009 година се отворила паралелка од хемиско-технолошката струка од образовниот профил пекар.
Учество на натпревари Освоени награди Познати личности кои учеле во ова училиште Слаѓана Цветковска - фото модел Кристина Атанасова - модел Катерина Стојановска - глумица и модел
Познати личности кои предавале во ова училиште
Наводи
Надворешни врски Портал за основните и средните училишта во Македонија Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука
Категорија:Средни училишта во Општина Карпош Категорија:Појавено во 1949 година во Македонија