ДСУ-РЦСОО „Марија Кири Склодовска“ (целосно име: Државно средно училиште — регионален центар за стручно образование „Марија Кири Склодовска“) — средно училиште во Скопје, Општина Аеродром. Го носи името на познатата полска научничка Марија Кири.

Основање и развој Училиштето е основано како донација од НР Полска по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, а официјално било верифицирано на 18 септември 1969 година како Хемиски училишен центар „Марија Кири Склодовска“. Низ годините, следејќи ги потребите на пазарот на трудот, установата претрпела неколку статусни промени: во 1997 година прераснало во Државно средно хемиско-технолошко училиште, од 2006 година функционирало како Средно училиште на Град Скопје, а од септември 2026 година продолжува со работа како Државно средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука. За својата успешна воспитно-образовна дејност, во 2009 година училиштето ја добило Наградата „13 Ноември“, додека традиционалната соработка со Република Полска за обезбедување нагледни средства континуирано продолжува.

Образовни профили Во училиштето има 3 струки : Здравствена, Лични услуги и Хемиско-технолошка струка.

Здравствена струка :

медицински лабораториско-санитарен техничар болничар/негувател Фармацевтски техничар

Лични услуги :

техничар за очна оптика

Хемиско-технолошка струка :

техничар за заштита на животна средина

Освоени награди Познати личности кои учеле во ова училиште Сања Николиќ Александар Биљановски - Дадар Ненад Георгиевски

Познати личности кои предавале во ова училиште Наводи

Надворешни врски Мрежно место на училиштето Алтернативно мрежно место на училиштето Портал за основните и средните училишта во Македонија Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука

Категорија:Средни училишта во Скопје Категорија:Средни училишта во Општина Аеродром