Никола Блажов Урдаревски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис мини|Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Никола Урдаревски Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото. Уште како млад им помагал на родителите во обработување на земјата и чувањето на добитокот. Со доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада во Чучер, меѓу првите стапил во нејзините редови. На 15 септември 1944 година учествувал во борбите против балистичките банди, кои биле разбиени и протерани од Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Македонија бил префрлен во Срем и учествувал во завршните операции против непријателските германски сили. Поради тешките напори во битките, во февруари 1945 година бил ослободен од војска поради лечење. Но болеста била тешка, починал во јуни 1945 година.
Поврзано
Александар Урдаревски Трипун Урдаревски Санде Урдаревски Живко Урдаревски Стоилко Урдаревски Стојан Урдаревски Неделко Урдаревски Благоја Урдаревски Љубе Урдаревски Младен Урдаревски Перо Урдаревски
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ