Живко Велков Урдаревски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис мини|Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Живко Урдаревски Завршил основно училиште во селото. Немајќи услови за натамошно образование, се занимавал со земјоделство. На 21 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада ѝ веднаш се вклучил во борбите против балистите, кои биле навлезени во неговото село. Гонењето на балистичките банди го продолжил ѝ на Косово сè до нивното конечно разоружување и уништување. Потоа заминал за Срем, каде завршил воена обука. На 12 април 1945 година учествувал во големата Сремска офанзива, во пробивот на фронтот и гонењето на Германците. Во натамошните борби кај Илинци, храбро загинал на 14 април 1945 година. Бил закопан на борбената позиција.
Поврзано
Александар Урдаревски Трипун Урдаревски Санде Урдаревски Никола Урдаревски Стоилко Урдаревски Стојан Урдаревски Неделко Урдаревски Благоја Урдаревски Љубе Урдаревски Младен Урдаревски Перо Урдаревски
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ