мини|десно|250п|Мостот на Градскиот дом и хотелот „Цум Шторхен“ на Винскиот плоштад во Цирих.

Лимат (, месно: Limet) — река во Швајцарија. Почнува како одлив од Циришкото Езеро на југот на градот Цирих. Оттука тече во северозападен правец, па по 35 км се велва во реката Аре. Устието се наоѓа северно од гратчето Бруг, близу устието на Ројс.

The main towns along долината на Лимат низводно од Цирих се Дитикон, Ветинген и Баден. Its main tributaries are the Линт, преку Циришкото Езеро, the Зил, во Цирих, и Репиш, in Дитикон.

Името за првпат е засведочено во VIII век како Линдимакус. Тоа е од галско потекло, од *линдо- „езеро“ (спор. велшки llyn) и *магос „низина“ (велшки: maes), што очигледно се однесувало на низината низ која течел Линт.

Енергетика Како и многу реки во земјата, водите на Лимат интензивно се користат за производство на хидроенергија: долж течението од 35 км има не помалку од десет хидроелектрани.

Пловидба Во историјата Лимат играл важна улога како пловна сообраќајница. Во XII и XIII век по реката се патувало од Цирих за Кобленц. Во 1447 г. светиот римски цар Фридрих III прогласил правото на слободна пловидба по Лимат и од Рајна до Цирих. Поради струјата, пловидбата обично се одвивала само низводно, а товарните пловила се продавале кога ќе пристигнат.

Денес реката е пловна само за помали пловила, а многу хидроелектрани имаат брододигалки. Традиционалните чамци кои пловеле по реката биле долги 10 м и со рамно дно, наречени „вајдлинг“.

Најгорното течение на реката низ центарот на Цирих е пловно и за големи пловила, иако истите се ограничени од ниските мостови. На овој потег од Лимат сообраќа Циришкото бродопловно претпријатие (Zürichsee-Schifffahrtsgesellschaft), нудејќи превоз од Државниот музеј до Циришкото Езеро со нископрофилни моторни чамци.

Населени места по течението Во кантонот Цирих: Цирих Оберенгстринген Унтеренгстринген Шлирен Дитикон Геролдсвил Етвил на Лимат Во кантонот Аргау Шпрајтенбах Виренлос Нојенхоф Ветинген Баден Енетбаден Нусбаумен Унтерзигентал Турги

Културно наследство На мочурливото земјиште помеѓу Лимат и Циришкото Езеро околу плоштадот „Зехселојтен“ во Цирих има мали острови и полуострови на кои се наоѓаат остатоци од праисториските наколни живеалишта на дрвени диреци кои служеле како заштита од поплавување на реките Линт и Јона. Наоѓалиштето Алпскиот кеј Цирих-Енге е сместено на брегот на Циришкото Езеро во Енге, месност во општината Цирих. Во соседството биле населбите Мал и Голем Хафнер при одливот ма Лимат, на површина од во градот Цирих. Освен тоа што се дел од 56-те места во Швајцарија заштитени како светско наследство на УНЕСКО под заедничкиот назив „Праисториски наколни живеалишта околу Алпите“, праистриските населби се прогласени за државно културно наследство.

Слики

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Швајцарија Категорија:Цирих Категорија:Цирих (кантон) Категорија:Аргау Категорија:Лиматски слив