WR 134 — променлива Волф-Рајеова ѕвезда на растојание од околу 6000 светлосни години од Земјата во соѕвездието на Лебед, опкружена со слаба меурчеста маглина, која е развеана од интензивното зрачење и брзиот ветар од ѕвездата. Таа е со полупречник пет пати поголем од полупречникот на Сонцето, но поради температурата над 63.000 К, таа е 400.000 пати посветла од Сонцето.

WR 134 е една од трите ѕвезди во Лебед забележана во 1867 година, која имала невообичаени спектри кои се состојат од интензивни оддавни линии, наместо нормални непрекинати линии и впивни линии. Ова е еден од првите членови на класата на ѕвезди кои подоцна се наречени Волф-Рајови ѕвезди (WR ѕвезди) по Чарлс Волф и Жорж Раје, кои го забележале нивниот необичен изглед. Станува збор за член на азотната секвенца на WR-ѕвезди, додека другите две ( WR 135 и WR 137 ) се и членови на јаглеродната секвенца, кои исто така имааат OB придружници. WR 134 има спектар со оддавност N III и N IV која е два до пет пати посилна од N V, што доведува до одредување на спектралниот тип WN6. Спектарот исто така покажува силни оддавности на He II и послаби линии на He I и C IV .

WR 134 се класифицира како затемнувачка променлива ѕвезда од типот на Алгол и има ознака V1769 Лебед, но промената не е строго периодична и промените на сјајноста се случуваат во временски периоди од неколку часови до денови. Неколкупати е испитано дали постојат придружници. Морел објавил примарен период од 2,25 денови, но сметал дека промените се должат на вртежна модулација, а не на можноста од постоење на придружник. Рустамов наведува на орбитален период од 1,887 денови со можен придружник К-М џуџе, но со дополнителни оптички промени.

Од WR 134 се оддаваат тврди и меки рендгенски зраци, но изворите не се целосно објаснети. Оддавањето не се совпаѓа со ниедна ѕвезда со таа температура, што е пак недоволно за судири меѓу ветровите помеѓу двете топли ѕвезди, и секој компактен извор, како што е неутронска ѕвезда или ладно џуџе, би биле во невозможна орбита.

WR 134 е за помалку од еден степен подалеку од WR 135 и се верува дека двете се наоѓаат на приближно исто растојание од Земјата во рамките на здружението на ѕвезди Лебед OB3. Двете ѕвезди се сместени во обвивка на водород за кој се смета дека е зафатена од меѓуѕвездената средина кога едната или двете ѕвезди биле на главната низа. Обвиката има пречник од четириесет парсеци и содржи водород со маса од околу . Не е познато која од двете ѕвезди е причината за создавањето на обвивката.

Наводи

Надворешни врски

Wolf Rayet shells NOAO page

Категорија:HIP-објекти Категорија:Алголски променливи ѕвезди Категорија:HD-објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Променливи ѕвезди со ознаки Категорија:Волф-Рајеови ѕвезди Категорија:Лебед (соѕвездие)