WR 142 — Волф-Рајеова ѕвезда во соѕвездието Лебед, исклучително ретка ѕвезда на WO кислородната низаа. Таа е прозрачна и многу жешка ѕвезда, високо развиена и близу до експлозија како супернова. Се претпоставува дека е двојна ѕвезда со придружник што орбитира на растојание од околу .
Откривање
Во 1966 година, потрагата по Волф-Рајеови ѕвезди на северната небесна полутопка открила седум нови примероци. Една од нив означена е како Стефенсон 3, и класифицирана како WC. Подоцна беше откриено дека покажуваат невообичаени оддавни линии на високојонизиран О VI. Поради невообичаените кислородни линии, кои се забележани само кај неколку други ѕвезди, и беше определен спектрален тип WC5pec во Шестиот каталог на галактички Волф-Рајеови ѕвезди.
Во 1981 година, е опишана како WC-OVI ѕвезда, таа беше препознанена како припадник на активниот ѕвездообразна област ON2 а подоцна тешко забележливо расеано јато наречено Беркли 87, јужно од црвениот супеџин BC Лебед .
Во 1982 година, WC-OVI ѕвездите беа класифицирани како членови на новата WO класа. Класата во тоа време се состоела од пет ѕвезди, од кои две биле во Магелановите облаци, а една од нив подоцна била забележана како централна ѕвезда на една планетарна маглина .
Особености WR 142 обично се претпоставува дека е член на расеаното јато Беркли 87, чие растојание од Сонцето не е точно определено, но се смета дека е околу 1,23 килопарсеци (4.000 светлосни години ). Како и целото расеано јато нејзината сјајност е многу згасната и поцрвенета поради меѓуѕвездената прашина .
Оваа ѕвезда, со спектрална класификација WO2, е една од ретките познати Волф-Рајови ѕвезди од познатата кислородна низа, забележани се само четири во Млечниот Пат и пет во надворешните галаксии. Таа е исто така една од најжешките познати ѕвезди со површинска температура од 200.000 K. Моделирањето на атмосферата дава сјајност од околу , додека пак пресметките од осветленоста и растојанието даваат сјајност од или повеќе. Тоа е многу мала густа ѕвезда, со полупречник 40% од Сончевиот, но масата е 20 пати поголема. Многу силните ѕвездени ветрови, со конечна брзина од 5.000 километри во секунда, предизвикуваат WR 142 да изгуби /годишно. За споредба, Сонцето губи (2-3) х 10-14 сончеви маси годишно поради својот сончев ветер, неколку стотици милиони пати помалку од WR 142.
Забележана е тврда емисија на рендгенски зраци од оваа ѕвезда со помош на вселенскиот телескоп Чандра, за која се претпоставува дека е предизвикана од присуството на придружник, ѕвезда на главната низа од спектрален тип B на растојание од 1 AE од WR 142. Не постои друга доказ за постоење на придружник па мора да има друга причина за рендгенското зрачење.
Развоен статус Волф-Рајеовите WO ѕвезди се последна развојна фаза на повеќето масивни ѕвезди пред тие да експлодираат како супернови,проследени со можен гама-изблик. Многу е веројатно дека WR 142 е во својата последна фаза на јадрено соединување, близу или по завршувањето на согорувањето на хелиум. Се проценува дека можно е да експлодира како супернова за околу 2.000 години. Масата и брзото вртење прават да има голема веројатност за гама-експлозија.
Поврзано
WR 102 WR 30a WR 93b Список на кандидати за супернови
Наводи
Категорија:Астрономски настани во блиска иднина Категорија:2MASS-објекти Категорија:Волф-Рајеови ѕвезди Категорија:Лебед (соѕвездие)