лево|мини| Спектар на WR 137 кој ги прикажува издвоените оддавни линии на јонизираниот јаглерод и хелиум

WR 137 — променлива Волф-Рајеова ѕвезда која се наоѓа околу 6000 светлосни години од Земјата во соѕвездието Лебед .

WR 137, заедно со WR 134 и WR 135, е една од трите ѕвезди во Лебед забележана во 1867 година кои имаат невообичаени спектри коисе состојат од изразени оддавни линии, наместо нормални непрекинати линии на и линии на впивање. Ова се првите членови на класата на ѕвезди наречени Волф-Рајеови (WR ѕвезди) по Чарлс Волф и Жорж Раје, кои го забележале нивниот необичен изглед. Таа е член на јаглеродната секвенца на WR ѕвезди, што укажува на недостаток на азотни линии и изразена оддавноср на јаглеродот. WR 137 има спектар со оддавност C III послаба од C IV и O V, што доведува до определување на спектрален тип WC7. Во спектарот, исто така, се забележани оддавни линии на He II и O IV .

WR 137 е двоен систем, со придружник од главната низа од спектрален тип О9 или џиновски придружник. Двете ѕвезди орбитираат со орбитален период од тринаесет години во благозанесена орбита, и постои изразено создавање на прашина во близина на периастронот. Наклоноста на орбитата е непозната, најверојатно близу 67 °, но некои анализи укажуваат на вредности од околу 23 °. Ѕвездата од спектрален тип О е визуелно посветла и помасивна, но WR ѕвездата доминира во спектарот и има повисока болометриска сјајност.

WR 137 е на околу еден степен подалеку од WR 135 и се верува дека двете ѕвезди се наоѓаат на приближно исто растојание од Земјата во рамките на ѕвезденото здружение Лебед OB3. Нејзините особини се непознати поради присуството на топол прозрачен придружник. Псевдо-комбинираниот спектар дава температура од 56.000 К, сјајност од , и полупречник од . Потипичен полупречник за WC7 ѕвезда би бил , што укажува на повисока температура.

Наводи

Надворешни врски Wolf-Rayet shells showing a spectrum of WR 135 WR134 Ring Nebula with WR 135 visible in the top left corner

Категорија:Ѕвезди од типот O Категорија:Спектроскопски двојни ѕвезди Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:HD-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:Променливи ѕвезди со ознаки Категорија:Волф-Рајеови ѕвезди Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот O