мини|десно|Крстот на Свети Патрик мини|десно|Сојузното знаме на Обединетото Кралство, на кое Северна Ирска е претставена со Крстот на Свети Патрик (во потенка варијанта). мини|десно|Алстерскиот бајрак — знаме на Владата на Северна Ирска од 1953 до 1972 г.
Знаме на Северна Ирска — обележје на Северна Ирска кое нема службен статус со распуштањето на самоуправното законодавство, кое го отповикало во 1972 и укинало во 1973 г.Согласно Уставот на Северна Ирска од 1973 г. Дотогаш како национално знаме се користел Алстерскиот бајрак, а денес во службени пригоди, британската влада го корирсти сојузното знаме (знамето на Велика Британија и Северна Ирска), а истото е единственото службено знаме на владата на Северна Ирска.Сојузното знаме и знамињата на Обединетото Кралство — Парламент на Обединетото Кралство Британската влада сепак понекогаш го истакнува Крстот на Свети Патрик заедно со другите земји од Обединетото Кралство во неслужбено својство.
Унионистите и натаму го користат Алстерскиот бајрак, и истото важи за спортски клубови и местата со кои владеат на месно ниво.
Крстот на Свети Патрик и Алстерскиот бајрак сепак не смеат да се веат на управни згради во Северна Ирска.
Крст на Свети Патрик
Крстот на Свети Патрик е црвен Андреин крст на бело поле кој се користи од 1783 г. во значката на Ордент на Свети Патрик. Со припојувањето на Ирска кон Британија во 1800 г., крстот е придодаден кон знамето на Велика Британија.
Поврзано Грб на Северна Ирска Крст на Свети Патрик Алстерски бајрак
Наводи
Надворешни врски
Северна Ирска — FOTW Знамиња на Северна Ирска — CAIN
Northern Ireland