Радомиров псалтир — кирилски литургиски псалтир со молитви од втората половина на XIII век од македонска редакција. Претставува кирилски ракопис пишуван со ситно уставно писмо во централномакедонското подрачје од ѓаконот Радомир, според кого што го добил и името, а познат е и под името Зографски псалтир. Содржи 172 пергаментни листа со димензија 14,5х10 см. Има мошне мошне богата илуминација. Се чува во библиотеката на Зографскиот манастир на Света Гора под сигнатура 1d13, а еден лист се наоѓа во збирката на Порфириј Успенски во Националната библиотека во Санкт Петербург под сигнатура QnI 11

Наводи

Категорија:Средновековна македонска книжевност