Материјализам — прекумерна желба за стекнување и потрошување материјални добра. Тој е често поврзан со системот на вредности според кои социјалниот статус се одредува според богатството (со видливата потрошувачка), како и перцепцијата дека среќата може да се зголеми преку купување, трошење и акумулирање на материјално богатство.
Дефиниција Материјализмот како лична особина Концептуализација на материјализмот според Белк вклучува три особини на личноста.Belk, R.W. (1985). "Trait aspects of living in the material world." Journal of Consumer Research, 12, 265–280.
Недарежливост - не сакањето да се даваат или споделуваат сопственостите со другите Завист - желба за поседувањата на другите луѓе Посесивност - загриженост во врска со губењето на богатство и желба за поголема контрола на сопственоста
Материјализмот како вредност Материјализмот како вредност е кога стекнувањето на материјални добра функционира како централна цел во животот со верувањето дека тие се клучот за среќата и дека успехот може да се суди според материјалното богатство на луѓето.Richins, M.L. (1994). Valuing things: The public and the private meanings of possessions. Journal of Consumer Research, 21, 504-521.
Материјализмот и среќата Користејќи две мерки на субјективна благосостојба, една студија покажа дека материјализмот е негативно во врска со среќата, што значи дека луѓето кои се со тенденција да бидат материјалисти, исто така, биле помалку среќни.Russell, W. B. (1984) Three scales to measure constructs related to materialism: reliability, validity, and relationships to measure of happiness. Advances in Consumer Research, 11, 291-297. Кога луѓето добиваат многу задоволство од купувањето на нешта и веруваат дека стекнувањето на материјални добра се важни животни цели, тие имаат тенденција да имаат пониско задоволство од животот.Richins, M. L. & Dawson, S. (1992). A consumer values orientation for materialism and its measurement: Scale development and validation. Journal of Consumer Research, 19,303-316. Материјализмот исто така е позитивно во корелација со повеќе сериозни психолошки проблеми како што се депресија, нарцизам и параноја.Kasser, T. & Ryan (1993). A dark side of the American dream: Correlates of financial success as a central life aspiration. Journal of Personality and Social Psychology Bulletin, 22, 280-287.
Истражувањата исто така покажуваат дека купувања направени со намера да се стекнат искуства во животот, како што е семејниот одмор ги прави луѓето посреќни од купувања направени за здобивањето со материјални добра, како што е автомобилот. Дури и самото размислување за искуственото купување ги прави луѓето посреќни од размислувањето за материјалното.Van Boven, L. (2005). Experientialism, materialism, and the pursuit of happiness. Review of General Psychology, 9(2), 132-142.
Критика Критиката на економскиот материјализам доаѓа од многу извори вклучувајќи ги и религијата, екологијата и социјалниот активизам. Многу религии се противат на материјализмот поради верувањето дека тој се коси со религијата и духовноста или дека тој води кон неморален начин на живот. Еколозите сметаат дека зголемувањето на материјализмот (и со тоа зголемувањето на побарувачката за ресурси) е неодржливо, особено кога е заедно со растот на населението, најчесто доведува до зголемувањето на уништувањето на природата. Некои општествени активисти сметаат дека материјализмот често е извор на проблеми како криминалот, загадувањето, деградацијата на животната средина, војната, економската нееднаквост, сиромаштијата, угнетувањето и геноцидот.
Поврзано Потрошуваштво
Наводи
Категорија:Материјализам Категорија:Теорија на потрошувачката Категорија:Капитализам Категорија:Потрошуваштво