Даниел Теклехајманот Гирмазион (; р. ) — еритрејски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа .
Кариера
мини|Теклехајманот на Тур де Франс 2015
Теклехајманот бил член на тренинг програмата на Светскиот велосипедистички центар на UCI пред да потпише за новата австралиска велосипедска екипа во 2012 година. Додека бил во Светскиот велосипедистички центар му била дијагностицирана тахикардија, која била отстранета со операција на почетокот во 2009 година. Се вратил со возење во мај истата година и завршил шести во генералниот пласман на Тур де л’Авенир. Во 2010 година возел како стажант за . Истата година ја освоил друмската трка, поединечниот хронометар и екипниот хронометар на африканските првенства, како на елитни, така и за возачи под 23 години. На Африканската турнеја на UCI 2010-2011 ја освоил Трката околу Руанда и Квита Изина. Учествувал на Летните олимписки игри, станувајќи првиот Еритреец кој настапил во спорт различен од атлетиката; ја завршил друмската трка на 73. место. Во 2012 година станал првиот Еритреец кој возел на Вуелта а Еспања, една од трите големи трки; ја завршил трката на 146. место.
Теклехајманот се приклучил на екипата за сезоната 2014 на двегодишен договор. Во 2015 година, на Критериум ди Дофине ја освоил првата маичка на трка во Светската турнеја во историјата на екипата, освојувајќи го планинскиот пласман. Бил вклучен во составот на екипата за Тур де Франс 2015 заедно со колегата и сонародник Мерхави Кудус, станувајќи еден од двајцата црни Африканци кои возеле на Тур.
Теклехајманот стана прв црн африкански возач кој ја носел точкестата маичка по освојувањето на истата на шестата етапа на Тур де Франс 2015.
Достигнувања
2008 1. 20п Национално друмско првенство 5. Краен пласман Тур Ивоарин де ла По 2009 2. Краен пласман Трка околу Еритреја 1. Етапа 1 1. Етапа 3 6. Краен пласман Тур де л’Авенир 2010 Африкански првенства 1. Друмска трка 1. Поединечен хронометар 1. Екипен хронометар 1. Краен пласман Трка околу Руанда 1. Етапа 2 1. Етапа 2 Куп де Насионс Вил Сагене 2011 Африкански првенства 1. Поединечен хронометар 1. Екипен хронометар 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. Краен пласман Квита Изина 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 5 Трка околу Алжир 5. Краен пласман Тропикал Амиса Бонго 1. Етапа 4 2012 Африкански првенства 1. Поединечен хронометар 1. Екипен хронометар 1. 20п Национално друмско првенство 1. 20п Национално хронометарско првенство 2013 Африкански првенства 1. Поединечен хронометар 1. Екипен хронометар 1. Пруеба Вилјафранка де Ордизија 2014 4. Краен пласман Мзанси Тур 2015 Африкански првенства 1. Екипен хронометар 2. Поединечен хронометар 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. 20п Планински пласман Критериум ди Дофине 2016 1. 20п Планински пласман Критериум ди Дофине 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. 20п Национално друмско првенство 2017 3. Национално хронометарско првенство 7. Краен пласман Трка околу Австрија
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 201720п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро—————11120п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур———4985—20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта146—47———
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Еритрејски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Еритреја