Жак Фрајтаг (; - ) — јужноафрикански атлетичар кој се натпреварува во дисциплината скок во височина. Негов најдобар скок во кариерата бил скокот од 2.38 метри кој го постигнал во 2005 година. Скокот е воедно и актуелен африкански рекорд.
Тој е еден од деветте атлетичари (заедно со Валери Адамс, Јусејн Болт, Вероника Кембел-Браун, Давид Шторл, Елена Исинбаева, Кирани Џејмс, Јана Питман, и Дани Самуелс) кој бил светски првак на кадетско, јуниорско и сениорско ниво во одредена дисциплина.
Фрајтаг израснал во Бронхорстспрејт (50 км источно од Преторија). Неговата мајка, Хендрина Питерс, во 1973 година била првак на ЈАР во скок во височина а нејзино најдобро остварување бил постигнатиот скок од 1,74 м.
Надворешни врски Профил на IAAF
Категорија:Јужноафрикански атлетичари Категорија:Африканери