Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во мариовското село Кален, Македонија.Во „Картата на верски објекти во Македонија“ е запишана како Св. Вознесение.
Црквата, но и целото село, го прославуваат Спасовден со општонароден собир.
На црквата ѝ е потребна итна санација на ѕидното сликарство и иконостас, имајќи го предвид сликарскиот квалитет на претставите во црквата.
Местоположба
мини|300п|лево|Ктиторскиот натпис
Се наоѓа на самиот влез во селото, издигната на рид, лево од патот кој води до селото. Околу самата црква се наоѓаат селските гробишта.
Историја
Црквата била изградена во XIX век, односно во 1890 година како што е забележано на ктиторскиот натпис на црквата.
Во западниот ѕид на црквата, од надворешната страна се вградени 4 мермерни сполии, а во источниот три сполии од римско време. Чесната трпеза во олтарот е направена од мермерна плоча, исто така, од римско време.
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна. Црквата е оградена со камен ѕид, а надвор од тој простор се наоѓа трпезаријата, која е нова градба.
Покривот на црквата бил променет и сега црквата е покриена со ќерамиди и делумно обложена со лим.
Живопис
Црквата е живописана во 1891 година од Димитар и Георги Андонови (Ангелковци) од селото Гари.
Sидното сликарство е во катастрофална состојба, особено на јужниот и северниот ѕид.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Кален
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Категорија:Храмови посветени на Вознесението Христово во Македонија Категорија:Дела на Дебарската школа