Сергеј Владимирович Шубенков (роден на 4 октомври 1990 г.IAAF bio) е руски атлетичар кој е специјализиран за трката на 110 метри со пречки.

Животопис Шубенков почнал да се занимава со атлетика на 14 години, најпрво во скок во далечина и во спринтерските дисциплини, но подоцна се специјализирал за трките со пречки. Тој е син на Наталија Шубенкова, поранешна советска седмобојка која е една од најдобрите на сите времиња во таа дисциплина.Jackson's visit is 'the top' for European champion Shubenkov. IAAF (2013-05-07). Посетено на 2013-05-08.

Шубенков го освоил златниот медал на трката на 110 метри со пречки на Европското првенство 2012 во Хелсинки со време од 13.16 секунди. Тој настапил на Летните олимписки игри 2012, но својот настап го завршил во полуфиналето. Следната година, Шубенков станал европски шампион во сала, победувајќи на трката на 60 метри со пречки на Европското првенство во сала во Гетеборг.

На Европското првенство 2014, тој го одбранил златниот медал освоен пред две години, и повторно станал европски шампион на 110 метри со пречки, остварувајќи резултат од 13.19 секунди. Неговиот најдобар резултат во кариерата од 12.98 секунди забележан во 2015 година е воедно и актуелен руски државен рекорд.

Лични рекорди Дисциплина Резултат Место Датум60 метри со пречки (во сала)7.49 секундиГетеборг, Шведска1 март 2013110 метри со пречки (на отворено)12.98 секундиПекинг, Кина28 август 2015

Наводи

Надворешни врски Профил на IAAF.org Профил на european-athletics.org

Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Руски атлетичари