Мелн () — град во округот Војводство Лауенбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот е опкружен од неколку мало езера (Штатско Езеро, Шулско Езеро, Цигелско Езеро, Хегеско Езеро, Шмалско Езеро, Литауско Езеро, Дризенско Езеро, Пинско Езеро). Каналот Елба-Либек тече низ градот. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Брајтенфелде, иако самиот не е член на истата.

Градот бил основан во век. Брзо станал важен град, поради Стариот пат на солта кој поминува во близина, по кој била пренесувана солта произведувана во соланите во Линебург (Долна Саксонија) до балтичкото пристаниште Либек и Каналот Штекниц, кој бил претходник на денешниот канал Елба-Либек. Иако се наоѓал во средина на средновековното војводство Лауенбург, градот бил продаден на Ханзиниот град Либек, кој владеел со Мелн од 1359 до 1683 година.

Самиот Мелн се нарекува „град на Ојленшпигел“, поради Тил Ојленшпигел, легендарен измамник познат по неговите пороци и провокативните мисли. Ојленшпигел се верува дека живеел во Брауншвајг, но неговата последна година ја поминал во Мелн. Умрел од чума во 1350 година. Иако неговото постоење не е докажано, постојат неколку споменици за него во Мелн.

Во 1992 година, десничарски екстремисти подметнале пожар во турска куќа, при што загинале три девојчиња.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Војводство Лауенбург