Николина Андова Шопова (, ) — македонска писателка, која пишува поезија, хаику и раскази.
Животопис Николина Андова е родена во Скопје, на 3 февруари 1978 година. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска и јужнословенска книжевност.Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013, стр. 77. Таа е омажена за македонскиот писател Иван Шопов.
Творештво мини|360x360пкс|Николина Андова Шопова на првиот Фестивал на проза, Куманово, мај 2022 Андова пишува поезија и хаику. Во 2013 година ја објавила својата прва поетска збирка „Влезот е од другата страна“, издание на „Темплум“. Со неа, таа ја освоила наградата „Мостови на Струга“. Во 2014 година ја објавила втората збирка поезија „Поврзи ги точките“, повторно во издание на „Темплум“. Во 2018 година се појавил нејзиниот роман „Некој бил тука“, кој истата година бил прогласен за најдобар роман.„Некој бил тука“ - роман на годината за 2018 година
Награди 2014 - награда „Мостови на Струга“ za својата прва поетска збирка „Влезот е од другата страна“. 2018 - Роман на годината за романот „Некој бил тука“. 2026 - награда „Браќа Миладиновци“ за стихозбирката „Во куќата“.
Наводи
Категорија:Македонски писателки Категорија:Македонски поетеси Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“