Шчеќински Залив или Штетински Залив (, ) исто така познат како Одарски Залив () — залив во естуарот на Одра, поделен помеѓу Германија и Полска. Одвоен е од Поморскиот Залив во Балтичкото Море со островите Узедом и Волин. Заливот е поделен на Мал Залив (Kleines Haff) во западниот дел и Голем Залив (Wielki Zalew; ) во источниот дел. Првичниот историски германски назив бил Свеж Залив (Frisches Haff), кој подоцна бил употребуван само за Висланскиот Залив.Erhard Riemann, Alfred Schoenfeldt, Ulrich Tolksdorf, Reinhard Goltz, Akademie der Wissenschaften und der Literatur (Germany), Akademie der Wissenschaften und der Literatur, Mainz, Preussisches Wörterbuch: Deutsche Mundarten Ost- und Westpreussens, 6th edition, Wachholtz, 1974, p.595, ISBN 3-529-04611-6
мини|250п|Одарски Залив - сателитска слика (околу 2000) десно|мини|250п|Германското рибарско село Алтварп во Заливот десно|мини|250п|Шчеќински Залив, поглед од полскиот остров Карсибур
Географија
250п|мини|Шчеќински Залив 250п|мини|Галеби во заливот зиме
Од јужната страна на заливот се влеваат неколку ракави на реката Одра и помали реки како Цизе, Пене, Царов, Икер и Ина.Gerald Schernewski, Baltic coastal ecosystems: structure, function, and coastal zone management, Springer, 2002, p.79, ISBN 3-540-42937-9 Од северната страна заливот е поврзан со Поморскиот Залив во Балтичкото Море со три премини Пенештром, Швина и Ѓивна, кои го делат копното и островите Узедом и Волин.
Заливот се простира на 687 км², додека неговата просечна длабочина изнесува 3,8 метри и максимални 8,5 метри.Ulrich Schiewer, Ecology of Baltic coastal waters, Springer, 2008, p.115, ISBN 3-540-73523-2 Меѓутоа, длабочината на бродските канали може да изнесува и 10,5 метри. Заливот содржи околу 2,58 км3 вода. Просечната годишна температура на водата е 11 °C.Ulrich Schiewer, Ecology of Baltic coastal waters, Springer, 2008, p.117, ISBN 3-540-73523-2
94% од водата во заливот потекнува од реката Одра и нејзините притоки, што на годишно ниво количеството на вода во просек изнесува 17 км3 или 540 м3 во секунда.Ulrich Schiewer, Ecology of Baltic coastal waters, Springer, 2008, p.116, ISBN 3-540-73523-2 Сите други притоки учествуваат со годишно количество од 1 км3. Бидејќи не постојат веродостојни податоци за вливот од Балтичкото Море, заедничкиот влив се проценува на 18 км3 од сливно подрачје на околу 129.000 км2, чии води во заливот поминуваат околу 55 дена пред да преминат во Поморскиот Залив. Премините Пенештром, Швина и Ѓивна пренесуваат по 17%, 69% и 14% од одливот, соодветно.Ulrich Schiewer, Ecology of Baltic coastal waters, Springer, 2008, p.119, ISBN 3-540-73523-2
Просечната соленост на водата е помеѓу 0,5 и 2 psu, иако понекогаш поради навлегувањето на солена вода од Швина, индексот се зголемува до 6 psu.
Градови околу заливот
Шчеќин (Полска) Швиноујшќе (Полска) Полице (Полска) Икерминде (Германија) Волин (Полска) Узедом (Германија) Нове Варпно (Полска)
Историја
мини|250п|Областа на Шчеќинскиот Залив, не е вклучен градот Шчеќин
Во 1880 на Узедом бил отворен Пјастовскиот Канал, воден пат со длабочина од 10 метри, која го поврзувала Заливот со Балтичкото Море преку пресекување на источниот дел на Швина, дозволувајќи им на поголеми бродови да влезат во Заливот и пристаништето во Штетин да се развива побрзо и посигурно.
Каналот, долг околу 12 километри и длабок околу 10 метри, бил ископан од Германското Царство помеѓу 1874 и 1880, во текот на владеењето на првиот цар Вилхелм Први (1797–1888) по кога бил именуван. Исто така, каналот предизвикал создавање на нов остров именуван Казебург (Карсибур) откако бил пресечен од Узедом.
По 1945, областите источно од линијата Одра-Ниса станале дел од Полска, вклучувајќи ги поранешните пристанишни градови Штетин (Шчеќин) и Свинеминде (Швиноујшќе) на западниот брег на реката Одра. Каналот бил преименуван по полската династија Пјаст.
Германско-полската граница исто така го дели заливот наречен Нојварпско Езеро близу Рит.
Економија
десно|мини|250п|Плажа во Тшебјез близу Полице
Заливот служел како важно рибарско подрачје со векови, а од 18 век како важна сообраќајна врска и како туристичко одредиште од 20 век.
Рекреација
Денес, Заливот нуди избор на тури со патнички бродови, широк избор на водени спортови и неколку познати плажи. Туристите може да го откријат лозарството, железницата со тесен колосек, музеите, замоците, многу патеки за пешачење и велосипедизам и мали села, кои го откриваат животот во поранешните словенски населби.
Загадување
Заливот страда од големо загадување, најмногу од реката Одра, што предизвикува еутрофикација. Високи концентрации на седименти на алуминиум и железо се пронајдени во реката, што предизвикува голем пораст на алгите во Заливот.
Поврзано
Курски Залив Вислански Залив
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Заливи во Полска Категорија:Заливи во Мекленбург-Западна Померанија Категорија:Заливи во Балтичкото Море Категорија:Лагуни Категорија:Германско-полска граница Категорија:Меѓународни езера во Европа