Паситеја во старогрчката митологија е една од харитите (грациите). Харитите вообичаено се сметаат за ќерки на Зевс и Евринома, но според поетот Нон, нејзини родители се ХераNonnus, Dionysiaca, 31.103 ff. и Дионис.Nonnus, Dionysiaca, 15.87 ff.; 33.4 ff. Таа била мажена за Хипнос, богот на сонот.Хомер, Илијада, 14.268, 276
Семејство Нејзини сестри се Аглаја („убавината“), Ефросина („радоста“) и Талија („задоволството“). Во римската митологија тие се познати како Грации.
Во четиринаесеттото пеење на Илијадата од Хомер, Хера ѝ ветува на Паситеја дека ќе ја омажи за Хипнос ако ѝ направи една услуга.
Иако грациите (харитите) обично се три, кај Спартанците, не Талија, туку Клета е третата, а се спомнуваат и други: Евклеја, Евтенија, Ефема, Филофросина, Ауксо, Харита, Хегемона, Фена.
Паситеја е име и на една од Нереидите.Хесиод, Теогонија
Поврзано Паситеја — месечина на Јупитер наречена по оваа харита
Наводи
Надворешни врски Паситеја на проектот „Теој“
Категорија:Старогрчки божици Категорија:Старогрчка митологија