мини|Фантас проекција на западниот агол на Уметничката академија во Дрезден Фантас () во старогрчката митологија е бог на нереалните соништата. Името потекнува од грчкиот јазик, од зборовите со значење, „видлив“, „се појавува“, како и „замислува“, „има визија“. Името на Фантас се одржало до денес, па од грчкиот јазик, во речиси сите јазици зборот „фантастично“Дигитален речник на македонскиот јазик: фантастичен опишува сè она што е нереално и неверојатно.

Митологија Онеирите се синови на Хипнос, богот на соништата: Морфеј, Фобетор и Фантас. Сите тројца, секоја ноќ заедно со мајка им Никта доаѓаат и на сите им носат сон. Фантас ги создава нереалните соништа, Морфеј ги обликува соништата, особено на кралевите и јунаците, а Фобетор ги создавал кошмарите. Според Овидиј, исто така, Морфеј бил одговорен за појавувањето на човечките ликови во соништата, а Фобетор и Фантас на животните, предметите, чудовиштата и сл.Овидиј, Преобразби

Наводи

Категорија:Старогрчки богови Категорија:Старогрчка митологија