Герас () во старогрчката митологија е бог на стареењето, на староста.Зборот Γέρας значи грабеж или награда. Тоа се сметало за доблест, зашто човекот колку повеќе стареел толку повеќе се здобивал со kleos (слава) и arete (совршеност и храброст).

Според Хесиод, Герас е син на Никта која го родила сама. Имено, кога титанот Крон го кастрирал својот татко Уран, и му ја презел власта, Никта многу се разлутила и од бес ги родила, по пат на партеногенеза, покрај Герас и: Мом (вината, критиката), Морос (судбината, проклетството), Танат (смртта), Хипнос (сонот), Харон, Онеирите (сништата), Хесперидите (вечерите), Керите (насилнaта смрт), Мојрите (судбината), Немезида (одмаздата), Апата (измамата), Филота (дружењето, нежноста) и Ерида (караницата, раздорот).Хесиод. Теогонија, 225. Хигинс, пак, додава дека нивни татко бил Ереб.Хигинс, Почеток.

Герас е претставуван како многу слаб, тенок, избразден од старост човек, обично нацртан на вазните и другите садови во антиката, заедно со Херакле, но митовите што ги инспирирале ови цртежи со него се сосема загубени.

Негова спротивност е божицата Хеба, божица на младоста.

Во римската митологија негов еквивалент е Сенект.

Наводи

Категорија:Старогрчки богови Категорија:Старогрчка митологија