Аеродромот Берлин-Бранденбург или службено Аеродром Берлин-Бранденбург Вили Брант () е меѓународен аеродром сместен во близина на поранешниот Аеродром Шенефелд во Шенефелд, 18 километри јужно од центарот на Берлин, Германија. Именуван е по поранешниот германски канцелар Вили Брант.

Првично планиран да биде отворен во 2010, аеродромот Берлин-Бранденбург доживеал серија на доцнења поради слабото планирање, управување и изведба на градбата. До март 2013 не било познато кога аеродромот ќе биде отворен, иако секој датум пред 2014 бил отфрлен. Поради овие проблеми, првично најавениот буџет за изградба на аеродромот ќе биде значително надминат.

Lufthansa (вклучувајќи ја и нејзината подружница Germanwings) се водечки авиопревозници на аеродромот Берлин-Бранденбург, како што и обете компании најавиле свое седиште тука. Со проектиран број на патници од околу 27 милиони на година, Берлин-Бранденбург е трет најпрометен аеродром во Германија и еден од петнаесетте најпрометни во Европа.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Аеродроми во Бранденбург Категорија:Аеродроми во Берлин Категорија:Даме-Шпревалд