Варан Баргиј (; р. ) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа .
Најпознат е по освојувањето на две планински етапи и планинскиот пласман на Тур де Франс 2017. Има освоено и две етапи на Вуелта а Еспања 2013.
Кариера Рана кариера
Баргиј ја започнал својата професионална кариера во 2011 година, кога возел за како стажант. Додека возел за оваа екипа ја освоил осмата етапа на Тур де л’Авенир и завршил петти во генералниот пласман. Следната година возел како стажант за . Ова било успешна сезона, освојувајќи го Тур де л’Авенир и завршил како втор на Тур де По де Савоја.
Аргос-Шимано (2013-2017) 2013
За сезоната 2013, Баргиј се приклучил на екипата како редовен возач. Тогашниот 21-годишен возач ја забележал една од најголемите победи во својата кариера, победувајќи на етапите 13 и 16 на Вуелта а Еспања. Баргиј немал други победи во сезоната, завршувајќи како четврти на Трката околу Келн и осми на Гран при д’Увертир Ла Марсејез.
2014
Првиот резултат меѓу првите десет на Баргиј во сезоната 2014 дошол на Класик Ла Дром, каде завршил осми. Една недела потоа завршил осми повторно, овој пат на Страде Бјанке. Негов прв резултат меѓу првите десет на некоја поголема етапна трка бил на Волта а Каталуња, каде завршил на 9. место. Баргиј сакал да настапи на Тур де Франс, но екипата сакала Баргиј повторно да биде на Вуелта а Еспања, но да се насочи на генералниот пласман. Баргиј завршил осми на крајот на Вуелта, со негов најдобар етапен резултат на претпоследната етапа (етапа 20) на шестото место. Ја завршил сезоната во Кина, каде настапил на Трката околу Пекинг и завршил на шестото место.
2015
Сезоната 2015 била прва каде главна цел на Баргиј била Тур де Франс. Баргиј се мачел со формата во пролетниот дел од сезоната, но завршил на 12. место на Тур де Франс како подготовка за Тур де Франс. Една недела по Тур де Свис, завршил четврти на националното друмско првенство. Баргиј ја отворил Тур де Франс со одлична прва недела, завршувајќи 13. на Мур де Бретањ и бил на осмото место во генералниот пласман по таа етапа. Се мачел во последната трета недела и отпаднал од првите 10 на последните етапи; ја завршил Тур на 14. место на крајот.
2016
мини|лево|Баргиј на Тур де Франс 2016
На 23 јануари 2016 година, Баргиј бил еден од шестемина од Џајант кои биле удрени од автомобил додека тренирале во Шпанија. Сите возачи биле во стабилна состојба.
Баргиј завршил на шестото место на еднодневниот класик Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Претходно завршил на 9. место на Флеш Валон. Баргиј завршил трет на седмата етапа на Тур де Свис и затоа ја презел жолтата маичка пред да отпочнат последните две етапи. Меѓутоа го изгубил водството следниот ден, поради тоа што завршил на 21. место на поединечниот хронометар. Баргиј покажал одлична форма на почетокот на Тур де Франс и бил на 4. место во генералниот пласман во првата недела. Меѓутоа, во текот на трката неговата форма опаѓала и на крајот завршил на 23. место. Учествувал на Олимписките игри, но се откажал од друмската трка. Исто така, ја напуштил Вуелта а Еспања на третата етапа. Негов најдобар резултат на есенските класици било осмото место на Џиро ди Ломбардија.
2017
мини|Баргиј го освоил планинскиот пласман на Тур де Франс 2017
Баргиј ја презел точкестата маичка по деветтата етапа на Тур де Франс; бил поразен за влакно на целта од Ригоберто Уран во возбудлив фотофиниш. Ја освоил тринаесеттата етапа во спринтерска завршница помеѓу четворицата членови на бегството, поразувајќи ги Наиро Кинтана, Алберто Контадор и Микел Ланда; со тоа станал првиот Французин кој освоил етапа на Тур де Франс на Денот на Бастилја од победата на дванаесеттата етапа на Давид Монкутје во 2005 година. Баргиј, исто така, ја освоил осумнаесеттата етапа (завршувала на искачување од екстра категорија) откако се одвоил од предводникот на етапата Дарвин Атапума (кој водел со 1 минута и 45 секунди на пет километри пред целта) 800 метри пред целта. По победата на етапата, Баргиј имал несовладливи 89 бода пред второпласираниот Примож Роглич во рамките на планинскиот пласман.
Баргиј бил исфрлен од Вуелта а Еспања 2017 од по крајот на седмата етапа. Бил на 13. место во генералниот пласман со време 1:43 зад предводникот на трката Крис Фрум. Причините од екипата биле: негово несогласување со екипата за целите и тактиката; сакал слободна улога на планинските етапи и дека ова довело до неколку несогласувања во екипата; неговото одбивање да ги послуша наредбите на екипата за чекање на Вилко Келдерман откако Холанѓанецот имал дупната гума на седмата етапа и изгубил време поради тоа.
Фортунео-Самсик (2018–денес) 2018
За сезоната 2018, Баргиј се приклучил на професионалната континентална екипа , потпишувајќи тригодишен договор со француската екипа. Баргиј ја отворил сезоната на Тур Ла Прованс и завршил на 32. место. Негова прва трка во Светската турнеја во сезоната била Париз-Ница, каде завршил на 17. место. Неколку недели подоцна завршил на 15. место на Волта а Каталуња. На Критериум ди Дофине нападнал на шестата етапа, но подоцна бил достигнат од групата на фаворити. На Тур де Франс, Баргиј го направил првиот напад на првата планинска етапа, но немал среќа. На следните две етапи бил во бегство и собрал бодови за точкестата маичка. Завршил втор на крајот во планинскиот пласман и на 17. место во генералниот пласман. Негова завршница меѓу првите десет била на Трката околу Германија, каде завршил шести. Негов најдобар резултат во сезоната бил во септември кога завршил трет на ГП де Валони.
2019
По тешкиот почеток во 2019 година, Баргиј го освоил националното друмско првенство во спринтерска завршница. Претходно се размислувал да се повлече од спортот поради недостиг на успех. Баргиј настапил на Тур де Франс како вообичаено, повторно со цел за етапни победи. Нападнал на неколку планински етапи, покажувајќи добра форма, но не успеал да освои етапи. Меѓутоа, завршил на 10. место на крајот. По Тур де Франс, Баргиј потврдил дека ќе остане со уште една сезона, иако добивал понуди од други екипи од Светска турнеја.
Достигнувања
2009 4. Тур де Вале 8. Краен пласман Ле Трофe Сантр Морбијан 2011 4. Краен пласман Куп де насион Вил Сагне 5. Краен пласман Тур де л’Авенир 1. Етапа 8 8. Париз-Тур за млади 10. Краен пласман Тур де л’Ен 2012 1. 20п Краен пласман Тур де л’Авенир 1. Бодовен пласман 1. Планински пласман 1. Етапа 4 2. Краен пласман Тур де Пеи де Савоа 1. Бодовен пласман 1. Планински пласман 1. Пласман за млад возач 1. Етапа 2 2. Париз-Тур за млади 3. Краен пласман Тур Алзас 1. Пласман за млади возачи 2013 Вуелта а Еспања 1. Етапа 13 1. Етапа 16 4. Трка околу Келн 8. Гран при д’Увертир ла Марселеза 9. Амстел Курасао Рејс 2014 6. Краен пласман Трка околу Пекинг 8. Ла Дром Класик 8. Страде Бјанке 8. Краен пласман Вуелта а Еспања 9. Краен пласман Волта а Каталуња 2015 4. Национално друмско првенство 8. Меѓународен друмски велосипедски предизвик 9. Класика де Сан Себастијан 9. ГП Квебек 2016 3. Краен пласман Тур де Свис 6. Лиеж-Бастон-Лиеж 8. Џиро ди Ломбардија 9. Флеш Валон 10. Милано-Торино 2017 6. Флеш Валон 8. Краен пласман Париз-Ница 10. Краен пласман Тур де Франс 1. Етапа 13 1. Етапа 18 1. 20п Планински пласман 20п Награда за борбеност на етапа 9 и на цела трка 2018 3. Гран при де Валони 6. Краен пласман Трка околу Германија 10. Копа Сабатини 10. Меморијал Марко Пантани 2019 1. 20п Национално друмско првенство 2. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка 3. Класик Ла Дром 6. Копа Агостони 9. Трофео Кампос, Поререс, Феланит, Сес Салинес 9. Трофео Андрат-Љосета 9. Џиро ди Тоскана 10. Краен пласман Тур де Франс 2020 2. Класик Ла Дром 4. Класик Сид-Ардеш
Распоред на резултатите
Распоред на резултатите на големите трки Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џироcolspan=7 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур — — 14 2310 1710 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта 388 — СО СО — —Распоред на резултатите на етапните трки Етапна трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 Париз-Ница 72 — СО — 17 СО8 Тирено-Адријатикоcolspan=7 Волта а Каталуња —9 17 22 — 15 СО Трка околу Баскија СО 20 — СО 16 — — Тур де Романди — — — — СО — — Критериум ди Дофине 18 — — — 30 19 13 Тур де Свис — 30 12 3 — — —
СО = се откажал; — = не учествувал
Распоред на резултатите на класиците
Монумент 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019Милано-Санремоcolspan=7 rowspan=3 Трка околу ФландријаПариз-РубеЛиеж-Бастон-Лиеж — 29 346 38 53 —Џиро ди Ломбардија 47 36 208 34 26 — Класична трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019Страде Бјанке —8 — — — — —Амстел Голд Рејс — — 72 15 45 — —Флеш Валон СО 23 2696 45 —Класика де Сан Себастијан — —9 54 — — —Гран при Квебек — —9 — — — —Гран при Монтреал — — 27 — — — —
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Профил на страницата на екипата
Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски велосипедисти Категорија:Француски етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Француски етапни победници на Тур де Франс Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Франција