Митрополитот г. Јосиф (роден во Скопје на 21 јануари 1982) — македонско свештено лице и митрополит на Тетовско-гостиварската епархија која ги опфаќа Тетовско и Гостиварско.

Животопис Митрополитот Јосиф е роден на 21 јануари 1982 година во Скопје. По завршувањето на основното образование, во 1997 година, се запишал во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Скопје, која ја завршил во 2002 година. Веднаш потоа го започнал монашкиот подвиг во братството на Бигорскиот манастир, а воедно, како вонреден студент се запишал на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде дипломирал во 2010 година, со одбрана на дипломскиот труд: „Богородица – почеток на Новиот завет“.

Замонашен е на 10 септември 2003 година, од страна на неговиот надлежен архијереј, митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Следната 2004 година, тој бил ракоположен во ѓаконски чин. За еромонах бил ракоположен на денот на манастирската слава на Бигорската обител, на 7 јули 2006 година.

На 28 јуни 2012 година, тој бил избран за Епископ Велички и бил поставен за викар на Скопската епархија, со која раководел Архиепископот охридски и македонски, господин господин Стефан.

По смртта на митрополитот Полошко-кумановски Кирил и делењето на епархијата на две, на 17 септември 2013 годинаСоопштение од Светиот Aрхиерејски Синод на Македонската православна црква (17.09.2013 19:53), Епископот Велички Јосиф бил поставен за прв митрополит на новоформираната Тетовско-гостиварскаНа два дела поделена Полошко-кумановската епархија, односно бил хиротонисан на 3 ноември 2013 година во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово. Наводи

Надворешни врски Животопис на страната на Скопската епархија

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1982 година Категорија:Полошки митрополити Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“