Цуцулка, креста или пувка — украс од истакнати пердуви на главата кај некои птици и диносауруси.
Цуцулката е направена од полумеки пердуви: долги, избраздени и назабени од двете страни. Тие се неврзани пердуви, што значи дека се меки и може да се свијат. Кај птиците ваквите полумеки пердуви се вообичаени на главата, вратот и горниот дел од грбот и може да се користат за покажување живост или како сензори за вибрации.
Цуцулката птиците најчесто ја користат во свадбениот танц. Птиците нимфи, какадуи и сличните видови папагали од Австралија, Бизмарковиот Архипелаг и Филипините се најпрепознатливите птици што имаат цуцулка. Овие птици може да ја креваат и спуштаат цуцулката по волја. Ја користат за комуникација со членовите од нивниот вид, но и за одбрана од другите птици, зашто со крената цуцулка изгледаат поголеми. Цуцулката може да биде испрчена или легната, зависно од видот. Легнатата цуцулка има пердуви кои лежат хоризонтално, залепени на главата, додека птицата не ги исправи нагоре. Легната цуцулка има, на пример белиот какаду. Таа е забележлива дури и кога не е испрчена зашто има пердуви кои и кога се легнати се малку искривени нагоре со врвовите, а кога е испрчена, тие често доаѓаат нанапред, пред главата. Често цуцулките имаат брилјантни бои.
Галерија
Наводи
Категорија:Анатомија на животните Категорија:Анатомија на птиците