Тоа — лична заменка за трето лице еднина од среден род во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означи или посочи некоја именка од среден род, која и не мора да е присутна во моментот на зборување.
Лични заменки Личната заменка „тоа“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означи лицето кое го врши дејството и лицето за кого се однесува нешто. Останатите форми за трето лице среден род може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите заменки во македонскиот јазик:
Потекло Старословенската форма еквивалентна на македонската „тоа“ е ''. Така, оваа македонска лична заменка не е слична со останатите заменки за трето лице на останатите словенски јазици, како: ono на полски, словачки, чешки, словенечки, српски, хрватски, босански и црногорски, то на бугарски, wonо на лужичкосрпски, оно на руски, яно на белоруски и воно на украински.Лични заменки во словенските јазици, на англиски.
Освен на македонски и бугарски, во сите останати словенски јазици заменката директно потекнува од старословенската форма. Македонската заменка „тоа“ настанала со потсилување на старите едносложни заменски морфеми со партикули, сè со цел да се закрепи нивната изразеност. Заменката „тоа“ потекнува од старословенската показна '', но проширена со дополнителни гласови за позацврстена изразеност.Конески, Блаже (1967), Историја на македонскиот јазик, Скопје, стр. 144
Употреба Во македонскиот јазик оваа заменка се користи за означување или посочување на именка од среден род.
Поврзано Заменки во македонскиот јазик Номинатив
Наводи
Категорија:Лични заменки во македонскиот јазик