Јас е лична заменка за прво лице еднина во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означиме себеси.

Лични заменки Личната заменка „јас“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означи лицето кое го врши дејството и лицето за кого се однесува нешто. Останатите форми за прво лице може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите заменки во македонскиот јазик:

Потекло Македонската лична заменка „јас“ потекнува од старословенската ''. Така, оваа македонска лична заменка е доста слична и со останатите заменки за прво лице на останатите словенски јазици, како: jaz на словенечки, ja на полски, лужичкосрпски, словачки, српски, хрватски, босански и црногорски, аз на бугарски, já на чешки и я на руски, украински и белоруски.Лични заменки во словенските јазици, на англиски.

Како што веќе е напоменато, македонската заменка „јас“ се развила од старословенската . Гласот „ј“ се развил во реченичниот санди, во позиција зад „и“ (спр. од Марк. ев. и во преписка во Битолскиот триод од 12 в.). На крајот, „з“ преминало во „с“ по правилото на обезвучување.Конески, Блаже (1967), Историја на македонскиот јазик, Скопје, стр. 145

Употреба Во македонскиот јазик оваа заменка се користи за означување на себеси, односно прво лице еднина. Во поголем број дијалекти, како и во секојдневниот говор, личната заменка се среќава како ја, односно се изостава гласот 'с'.

Поврзано Заменки во македонскиот јазик Номинатив

Наводи

Категорија:Лични заменки во македонскиот јазик