мини|десно|Лого на групацијата „Јапонски железници“
мини|десно|Подрачјата на стопанисување на претпријатијата во групацијата Јапонски железници (; мктр. џејару гурупу) — претпријатие од седум здружени членки — наследнички на државното претпријатие „Јапонски национални железници“, приватизирано во 1987 г.
Групацијата раководи со главнината на железничката мрежа во Јапонија, со голем дел од меѓуградскиот сообраќај (вклучувајќи ги големобрзинските линии на „Шинкансен“) и градскиот сообраќај во рамките на поединечни населени места.
Претпријатија „Јапонски железници“ се состои од: седум превозници и две други непревозни претпријатија. Постојат: шест подрачни патнички превозници и еден товарен превозник што ја покрива целата земја. За разлика од други групи, „Јапонски железници“ се сочинети од независни претпријатија кои немаат главна дирекција или холдинг со централна управа.
Шесте патнички превозници се поделени по подрачја и сообраќаат во тие граници, со исклучок на извесни далекусежни линии. Таква е линијата на возот „Ширасаги“ помеѓу Нагоја и Тојама, која вози со состав на Западнојапонските железници, но помеѓу Нагоја и Мајбара добива нов екипаж од Среднојапонските железници, како сопственик на тој дел од пругата.
Со превоз на стоки и суровини се занимава Јапонско товарно железничко претпријатие.
Покрај ова, групацијата има и две претпријатија со помошна улога кои не стопанисуваат со возови: Институтот за истражување на железничка техника и „Железнички информатички системи“. ДејностПретпријатиеЛого и бојаАкцииОпслужуваноподрачјеБелешкапатнички сообраќај немаХокаидостопанисува со линијата Кајкјо во Тохоку Тохоку, Канто, Кошинецу Токајстопанисува со линијата Токаидо Шинкансен во Канто и Кансај Хокурику, Кансај, Чугокустопанисува со линијата Санјо Шинкансен на Кјушу немаШикоку немаКјушутоварен сообраќај немацела Јапонијанаучно-истражувачка немаинформатички услуги нема
Поврзано JR-Maglev Шинкансен Железнички транспорт во Јапонија
Наводи
— Јапонија
Надворешни врски
Водич за јапонските железници — Хисакју Правило за возните билети
* Железници