Белата тресиопашка () е мала врапчевидна птица, од семејството на тресиопашките (Motacillidae). Видот е распространет речиси низ цела Европа и Азија, и во делови на северна Африка. Ја има и во Македонија. Во умерените краишта е постојан жител, но во постудените е птица преселница која зимува во Африка.

Таа е инсектојадна птица на отворената земја, која претпочита во близина да има вода. Сака голи предели каде може да го види пленот. Во урбаните средини се прилагодува и се храни на поплочените паркинзи. Гнезди во дупките на камените ѕидови и слични вештачки или природни места.

Белата тресиопашка е национална птица на Латвија."National symbols of Latvia"

Таксономија и систематизација

Белата тресиопашка е еден од многуте видови за првпат опишани од Карл Лине во неговата книга од 18 век Systema Naturae, и сè уште го носи своето оригинално научно име Motacilla alba.

Во моментов се издвојуваат 9 или 11 подвида. Разликите во боите на перјето и распространетоста на подвидот се прикажани подолу:

ПодвидРаспространетост Забелешка ФотографијаM. a. albaЕвропа од Пиринејски Полуостров до Урал, Турција, Исланд, Фарски Острови и источниот брег на Гренланд. Некои се селат во јужна Европа и во Африка, на југ, сè до Кенија. Номинираниот подвид M. a. yarrelliiВелика Британија и Ирска; птиците од посеверните делови се селат во Шпанија и северна Африка, а од појужните делови се резидентни. Има повеќе црно на грбот од номинираната раса, црното од грлото продолжува на страните од вратот M. a. dukhunensisЗападен Сибир – на исток од Касписко Море (дел од Русија, Казахстан, Узбекистан, Туркменистан); зимува на Среден Исток и во Индија.Горните делови на овој подвид се посветли и повеќе сино-сиви отколку на номинираниот подвид и има непрекината бела лента на крилјата одозгора. M. a. persicaСеверен, централен и западен Иран.Мешан меѓу M. a. dukhunensis и M. a. personata. Често вклучуван во alba; како хибридна или интегрирана популација.M. a. subpersonataПостојан жител на МарокоИма поцрна глава од номинираниот подвид.M. a. personataХиндукуш, Тјеншан, Алтајски Планини (северен Иран, Авганистан, Таџикистан, Киргистан, Казахстан)Има целосно црна глава со бела маска. M. a. alboidesХималаите и околните областиИма црн грб и многу црно околу главата, бело на крилото и бели краеви на секундарните пердуви.M. a. baicalensisРусија, во областа на Бајкалско Езеро, МонголијаСличен на M. a. leucopsis но со сив грб и помалку бело на главата и крилјата.M. a. ocularisСибир, и проширен накај западна АлјаскаM. a. lugensДалечен Исток на Русија (Приморски крај), Камчатски крај, ЈапонијаСличен на M. a. yarrellii, но со црна маска на очите и бели рабови по хоризонтала на крилјата; може да се смета и за посебен вид.M. a. leucopsisКина, Кореја, Тајван, дел од Јапонија до југоисточна Азија, Индија и Океанија.</onlyinclude>

Опис

Белата тресиопашка е тенка, витка птица, со должина од 16.6 до 19 см (источноазиските се подолги и достигаат до 21 см), со карактеристична долга опашка која постојано се тресе. Нејзината просечна тежина е 25 грама, а животен век околу 12 години. Номинираниот подвид Motacilla alba alba, во основа е сива одозгора и бела одоздола, со бело лице, црна капа и црн врат.

Таа има повеќе подвидови кои се разликуваат во шарките на перјето на крилјата, грбот или главата. Некои раси покажуваат полов диморфизам за време на сезоната на парење. Околу 6 подвида може да бидат присутни во Индија или југоисточна Азија за зимување и тука тешко може да се распознаваат.

Повикот е остро чисик, а песната е пријатно црцорење.

Распространетост и живеалиште

Овој вид се размножува низ Евроазија до 75° северна географска ширина, а единствено го нема во Арктикот каде температурата во јули е помалку од 4 °C. Исто така, се размножува во планините на Мароко и западна Алјаска. Живеалиштата му се разновидни и единствено го нема во пустините.

Белата тресиопашка е постојан жител во умерените делови на својот опсег, како западна Европа и Средоземјето, но е птица преселница во остатокот од својата распространетост. Северноевропските птици зимуваат околу Средоземјето и во тропска и субтропска Африка, а азиските птици се селат во Среден Исток, Индија, и југоисточна Азија. Птиците од северна Америка, исто така, се селат во тропска Азија.

Поведение Највидлива и најкарактеристична навика на оваа птица е постојано тресење на опашката, од каде и го добила името на своето семејство. Но сепак, покрај очигледноста на ваквото поведение, сè уште не е сосема јасно зошто го прави тоа. Се сугерира дека можеби така го разбркува пленот или покажува покорност кон другите тресиопашки. Во неодамнешна студија, пак, се претпоставува дека на тој начин ја покажува својата будност пред потенцијалните грабливци.Randler, C (2006). "Is tail wagging in white wagtails, Motacilla alba, an honest signal of vigilance?" Animal Behaviour 71 (5): 1089–1093 Abstract

Исхрана Исхраната на белата тресиопашка варира според локацијата, но земните и водните инсекти, како и останатите безрбетници се основата на нејзината исхрана. Јаде разни бубачки, вилини коњчиња, мали полжави, пајаци, црви, ракчиња, и најважно - муви.Tyler, S. (2004) "Family Motacillidae (Pipits and Wagtails)" pp.777–778 in del Hoyo, J.; Elliot, A. & Christie D. (editors). (2004). Handbook of the Birds of the World. Volume 9: Cotingas to Pipits and Wagtails. Lynx Edicions. ISBN 84-87334-69-5 Не е невообичаено да јадат и мали рипчиња. На некој начин, исхраната на белата тресиопашка е невообичаена, затоа што онаму каде што е постојан жител и преку зимата продолжува да се храни со безрбетници, за разлика од другите птици кои во тој период јадат растителна храна.

Размножување

Белите тресиопашки се моногамни птици кои си ја бранат територијата за размножување. Сезоната на парење трае од април до август, а започнува малку подоцна во посеверните краишта. Двата родитела се одговорни за градењето на гнездото, мажјакот е оној што го започнува, а женката го завршува процесот. При второто легло кај подвидот personata женката сама го гради второто гнездо, а мажјакот ги доодгледува младенчињата од првото. Гнездото претставува груба чашка направена од гранчиња, трева, лисја и други растителни материјали. Внатре е послано со меки материјали, вклучувајќи и животински влакна. Го сместуваат во пукнатина или дупка, по можност веднаш до река или ров, но, исто така, се прилагодуваат во урбани услови, па гнездат во ѕидови, мостови и згради. Едно гнездо е пронајдено во череп на морж, а многу често овие птици ги прават гнездата и во внатрешноста на поголеми гнезда од други птици, како на пример, на златен орел. Несат 3-8 јајца, но обично 4-6. По боја се кремави со синозелен или тиркизен сјај и со црвеникави многубројни точки. Обата родитела ги квачат јајцата, иако женката тоа го прави повеќе, инкубирајќи ги ноќе. Јајцата се испилуваат по 12 (најдоцна 16) дена. Пилињата ги хранат двајцата родители додека тие да се оперјат по 14 дена, и уште една недела потоа.

Познато е дека оваа птица е често домаќин на кукавицата, но таа откако ќе забележи дека гнездото ѝ е со паразит, го напушта. Научниците теоретизираат дека ова се случува затоа што тресиопашката е многу мала за да го истурка јајцето и има премал клун за да го уништи.

Статус Овој вид има широка распространетост, на повеќе од 10 милиони км². Големината на популацијата не е позната, но се верува дека е многу голема опишувајќи го овој вид како вообичаен во поголемиот дел од нејзиниот опсег. Статусот на белата тресиопашка е вид со најмала загриженост. Популацијата во Европа е стабилна. Видот добро се адаптира кон промените предизвикани од човекот и ги користи градежните структури за свои места за гнездење, а отворените поплочени површини за исхрана. Во многу градови, впечатливо во Даблин, на пример, големи јата доаѓаат да презимуваат.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Wagtail videos, photos & sounds on the Internet Bird Collection Norwegian Cyberbirding: Masked, Pied & White Wagtails photos . Romani Rise: Pied Wagtail – the Gipsy Bird Pied Wagtails in Welsh Romani culture Identification article with pictures (PDF) Ageing and sexing (PDF; 4.9 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze

Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Тресиопашка