Оваа статија претставува преглед на воздушниот транспорт во Југославија, земја од балканот која постоеше од 1918 г. до распадот во 1990-те.
Авиокомпании Првата авиокомпанија беше „Аеропут“, претходникот на ЈАТ (Југословенски авиотранспорт) создаден во 1927 г., кој беше југословенски национален авиопревозник сè до 1947 г, кога е преименувана во ЈАТ. Останатите компании се појавија во 1960-те, пред сè Adria Airways (во почетокот позната како Adria Aviopromet, подоцна Inex-Adria Airways), и Aviogenex во 1968. За време на доцните 1980-ѕи и 1990-ти се појавија голем број на приватни компании.
Аеродроми Првите аеродроми во Југославија беа направени во првата половина на XX век. Авионската индустрија и инфраструктура најмногу се развиваше во пориодот од 1950-те до 1980-те. Во 1964 имаше само 7 меѓународни аероми во Југославија. До крајот на 1970 вејќе имаше 14 модерни аеродроми во Југославија: Белград, Загреб, Љубљана, Пула, Риека, Сплит, Дубровник, Титоград (Подгорица), Мостар, Задар, Приштина, Скопје, Сараево и Охрид.
Список на аеродроми Југославија ги имаше следниве аеродроми, подредени во групи според државата или територијата каде сега се наоѓаат:
Аеродром Бања Лука, Бања Лука Аеродром Мостар, Мостар Аеродром Сараево, Сараево Аеродром Тузла, Тузла
Аеродром Бол, Бол Аеродром Дубровник, Дубровник Аеродром Лошињ, Мали Лошињ Аеродром Осјек, Осјек Аеродром Пула, Пула Аеродром Риека, Риека Аеродром Сплит, Сплит Аеродром Задар, Задар Аеродром Загреб, Загреб
Косово Аеродром Приштина, Приштина
Аеродром Охрид, Охрид Аеродром Скопје, Скопје
Аеродром Подгорица, Подрогица Аеродром Тиват, Тиват
Аеродром Белград, Белград Kraljevo-Lađevci Airport, Кралево Niš Airport, Ниш
Аеродром Љубљана, Љубљана Аеродром Марибор, Марибор Аеродром Порторож, Порторож
Legacy
По расподаот на Југославија, секоја земја си создаде своја национална компанија. За време на овој период, војните во Југославија и економската ситуација предизвика криза во авионскиот сектор. По 2000, растот на авионската индустрија почна да се опоравува по што следеше опоравување на туризмот. Најоналните компании на поранешните Југословенски земји се: Босна и Херцеговина: B&H Airlines Хрватска: Croatia Airlines Македонија: MAT Црна Гора: Montenegro Airlines Србија: Jat Airways Словенија: Adria Airways
Наводи
Категорија:Воздухопловството во Југославија