Даурската ластовичка () е мала врапчевидна птица од семејството на ластовиците. Се размножува во отворените планински предели низ умерена јужна Европа и Азија, од Португалија и Шпанија, до Јапонија и Индија, а на југ до тропска Африка. Ја има и во Македонија. Индиските и африканските птици се постојани жители, но европските и азиските се птици преселници кои зимуваат во Африка или Индија, а може да заскитаат до северна Австралија.

Даурската ластовичка по многу нешта е слична на останатите воздушни инсектојадни птици, како што се сродните ластовици од нејзиното семејство и неповрзаните, но слични пиштарки (Apodiformes), малата и големата пиштарка. Одозгора, тие се темносини, а одоздола посветли.

Слични се на селската ластовичка, но се потемни одоздола и имаат црвеникав лик, околувратник и задник. Им недостасува дамката на градите, но под опашката се црни. Брзи летачи се и инсектите ги ловат во лет. Имаат широки, но зашилени крилја.

Градат гнезда во облик на четвртина сфера, со тунел во влезот кој го прават од кал што ја собираат со својот клун и несат 3-6 јајца. Вообичаено гнездат под издадените делови на карпите во нивните планински домови, но лесно се прилагодуваат во урбаните средини каде ги градат гнездата под мостовите или слични соодветни места.

Кога се размножуваат не создаваат големи колонии, но дружељубиви се вон сезоната на парење. Стотици птици може да се видат низ рамнините на Индија.

Распространетост

Даурската ластовичка се размножува низ јужна Европа и Азија, на исток до јужен Сибир и Јапонија. Овие птици се преселници кои зимуваат во северна и јужна Африка. Популациите кои живеат во Африка, од Етиопија до Танзанија, како и оние во Индија и Шри Ланка, се постојани жители, но може да извршат сезонски преселби. Овој вид често се случува да заскита надвор од својот опсег.Turner (1989) pp. 201–204

Поведение Живеалиштето на даурската ластовичка се пасишатата, каде ги ловат инсектите. Понекогаш ги начекуваат палежите на тревите кои ги гонат инсектите во воздух.

Размножување

Даурската ластовичка своето гнездо го гради така што, прво прави отворена чашка, потоа ја затвора и на крајот го гради влезот во вид на тунел. Се претпоставува дека развојот на затворено гнездо го намалил натпреварот меѓу мажјаците за копулација со женките. Бидејќи размножувањето се случува надвор од гнездото, тешкотијата да се влезе во гнездото значи дека останатите мажјаци се исклучени.

Статус

Даурската ластовичка има многу широка распространетост и популација со милиони. Не е познато дека бројот им се намалува, па затоа спаѓаат во вид со најмала загриженост. Retrieved 3 January 2010

Европската популација има од 100.000 до 430.000 возрасни парови или од 300.000 до 1.290.000 единки.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Photos and videos Ageing and sexing (PDF; 2.0 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze

Категорија:Ластовици Категорија:Птици на Македонија