Роан Денис (; р. ) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата .

Денис е роден, пораснат и живее во Аделаида, во сојузната држава Јужна Австралија, Австралија. Ги освоил поединечните хронометри на светските првенства во 2018 и во 2019 година.

Кариера Рана кариера

Денис ја започнал својата кариера со насока на велодромски велосипедизам и бил дел од австралиската репрезентација која освоила шест медали во екипна потера на Летните олимписки игри 2012.

Гармин-Шарп (2013–14)

Се приклучил на во 2013 година и го имал своето деби на Тур де Франс, повлекувајќи се од трката пред деветтата етапа.

Во 2014 година, Денис завршил втор зад Бредли Вигинс на Трката околу Калифорнија, откако завршил втор зад Вигинс на хронометарот. Го повторил второто место на хронометарот на Комонвелтските игри зад Алекс Даусет.

БМЦ Рејсинг Тим (2014–18)

Во август 2014 година, Денис направил редок трансфер на средина на сезоната во екипата .Rohan Dennis to join BMC Racing from Garmin-Sharp in rare mid-season transfer Го освоил Светското првенство во екипен хронометар со новата екипа.

мини|лево|Денис на пат кон победа на првата етапа на Тур де Франс 2015

На 8 февруари 2015 година поставил нов часовен рекорд од 52,491 километар, надминувајќи го рекордот на Матијас Брендле за над 600 метри. Рекордот стоел до 2 мај 2015 година, кога бил срушен од британскиот возач Алекс Даусет. Денис бил избран во составот на екипата за Тур де Франс 2015 како поддршка за Тиџеј ван Гардерен. Го освоил поединечниот хронометар на првата етапа, забележувајќи просечна брзина од 55,446 км/ч и станал првиот носител на жолтата маичка на Тур. Со овој резултат поставил нов рекорд за просечна брзина на поединечен хронометар на Тур де Франс. Го освоил медалот Сер Хјуберт Оперман и трофејот за најдобар велосипедист од Австралија во 2015 година.

Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017, меѓутоа го напуштил Џиро на четвртата етапа по здобиените повреди при пад на втората етапа. Подоцна, на Вуелта а Еспања 2017, Денис ја поминал прв целта како дел од составот на БМЦ за победа на воведниот екипен хронометар на трката, со што ја освоил водечката црвена маичка и станал прв Австралиец да води на трката од Мајкл Метјус во 2014 година.

На Џиро д’Италија 2018, Денис бил тесно поразен на воведниот хронометар од Том Димулен. Меѓутоа ја презел розовата маичка на втората етапа откако освоил временски бонус на средниот спринт. Со тоа, станал првиот Австралиец кој водел на Џиро од Сајмон Кларк во 2015 година и трет Австралиец кој ја носел водечката маичка на сите три големи трки, по Бредли Мекги и Кедел Еванс. Тргнал за победа на хронометарот на етапата 16, завршувајќи ја трката на 16. место, 56 минути и 7 секунди зад победникот Крис Фрум.

Кога ја освоил првата етапа на Вуелта а Еспања 2018 станал 95. возач во историјата, кој освоил најмалку една етапа на сите три големи трки и 15. возач кој освоил поединечен хронометар на секоја голема трка. Го освоил и хронометарот на етапата 16 и ја напуштил трката веднаш потоа за да се подготвува за Светското првенство во Инсбрук, каде ја освоил хронометарската трка со над една минута пред бранителот на титулата Том Димулен од Холандија. Исто така, му помогнал на БМЦ да дојде до бронзата во екипниот хронометар.

На крајот на 2018 година, освоил две големи австралиски награди: Спортист на годината од Австралискиот спортски институт и медалот „Хуберт Оперман“, кој го освоил и во 2015 година.

Бахрен-Мерида (2019)

Во август 2018 година било објавено дека Денис ќе се приклучи на во 2019 година со двегодишен договор, заедно со колегите од БМЦ, Дамијано Карузо и Дилан Тенс.

На 18 јули 2019 година се откажал од Тур де Франс 2019 во текот на етапата 12. Причината за откажување не била наведена. Подоцнежните извештаи означиле дека неговото откажување било поради фрустрација од обезбедената опрема од екипата. Во интервју, кое го дал во јануари 2020 година, Денис изјавил дека го напуштил Тур поради неговото психичко здравје поради тешкотии со екипата и бидејќи се плашел дека ќе има ефект на неговиот брак.

На 25 септември 2019 година, Денис возел првпат по напуштањето од Тур де Франс, освојувајќи го златниот медал во поединечниот хронометар на Светското друмско првенство во Јоркшир. Денис возел неозначен велосипед од брендот БМЦ на настапот на првенството, наместо предвидениот бренд Мерида. Неколку дена подоцна, неговата поранешна екипа потврдиле дека обострано го раскинале договорот со Денис на 13 септември.

Тим Инеос (2020–2021)

На 9 декември 2019 година било објавено дека Денис ќе се приклучи на за сезоната 2020. Следниот месец Денис изјавил дека ги напуштил своите обиди да стане фаворит за генерален пласман на големите трки; наместо тоа, ќе се насочи на помали етапни трки и ќе работи како помошник на големите трки. На Џиро д’Италија 2020, Денис доста придонел кон победата на трката на неговиот совозач Тео Гејган Харт со импресивните потези на етапата 18 (Стелвио) и етапата 20 (Сестриере). На етапата преку Стелвио ја освоил наградата Чима Копи, бидејќи бил прв кој го поминал врвот како највисоко искачување на трката.

Тим Џамбо-Висма (2022–денес)

На 1 септември 2021 година било објавено дека Денис ќе се приклучи на во 2022 година со двегодишен договор; претходно во кариерата тој бил член на , откако бил претходно име на . На неговата прва трка во годината го освоил неговото четврто национално хронометарско првенство. Водел на Тур де Романди четири дена, пред да падне на осмото место на последната етапа која била поединечен хронометар, губејќи повеќе од две минути во однос на крајниот победник Александар Власов.

Личен живот

Во мај 2017 година, партнерката на Денис, велосипедистката Мелиса Хоскинс, ја објавила веридбата на двојката како и нејзиното повлекување од трките. Се венчале во февруари 2018 година. Хоскинс се породила истата година со првото дете, син, две и пол седмици откако Денис го освоил првото светско хронометарско првенство. Семејството живее на повеќе места, како Жирона, Ла Масана и Аделаида.

Достигнувања

2007 9. Светско јуниорско хронометарско првенство 2010 1. 20п Светско велодромско првенство - Екипна потера 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 3. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години 1. Етапа 1 (ТТТ) 4. Краен пласман Трка Олимпија 5. Светско хронометарско првенство под 23 години 6. Комонвелтски игри - Хронометар 10. Краен пласман Рингерике ГП 2011 1. 20п Светско велодромско првенство - Екипна потера 4. Национално друмско првенство под 23 години 7. Национално хронометарско првенство 2012 Национални друмски првенства под 23 години 1. 20п Друмска трка 1. 20п Хронометар 1. 20п Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години 1. Етапа 5 (ITT) 1. Меморијал Давиде Фардели 1. Хроно Шампеноа 2. 15п Олимписка екипна потера 2. 15п Светско велодромско првенство - Екипна потера 2. 15п Светско хронометарско првенство под 23 години 2. Трофео Алсиде Дегаспери 4. Краен пласман Трка Олимпија 1. Етапа 5 (ITT) 5. Краен пласман Тур Даун Андер 1. 20п Планински пласман 1. 20п Пласман за млад возач 5. Трофео Чита ди Сан Вендемијано 2013 1. 20п Краен пласман Трка околу Алберта 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 3 2. Национално хронометарско првенство 8. Краен пласман Критериум ду Дофине 1. 20п Пласман за млад возач 2014 Светски друмски првенства 1. 15п Екипен хронометар 5. Хронометар 2. 15п Хронометар на Комонвелтските игри 2. Краен пласман Трка околу Калифорнија 1. Етапа 3 2. Краен пласман Сиркут де ла Сарт 1. 20п Пласман за млад возач 2015 Светски часовен рекорд: 52,491 км Светски друмски првенства 1. 15п Екипен хронометар 6. Хронометар 1. 20п Краен пласман Тур Даун Андер 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 3 1. 20п Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ 1. 20п Планински пласман 1. Етапа 4 1. Етапа 5 (ITT) Тур де Франс 1. Етапа 1 (ITT) 1. Етапа 9 (TTT) 1. Етапа 3 (ТТТ) Критериум ди Дофине 2. Национално хронометарско првенство 2016 1. 20п Национално хронометарско првенство Енеко Тур 1. Етапа 2 (ITT) 1. Етапа 5 (ТТТ) Светски друмски првенства 2. 15п Екипен хронометар 6. Хронометар 2. Краен пласман Трка околу Калифорнија 1. Етапа 6 (ITT) 2. Краен пласман Трка околу Британија 1. Етапа 7b 5. Олимписки друмски хронометар 2017 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. 20п Краен пласман Тур ла Прованс 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања Тур де Свис 1. Етапа 1 (ITT) 1. Етапа 9 (ITT) 1. Етапа 2 Трка на Алпите 1. Етапа 2 (ТТТ) Волта а Каталуња Светски друмски првенства 2. 15п Екипен хронометар 8. Хронометар 2. Краен пласман Тирено-Адријатико 1. Етапа 1 (ТТТ) 1. Етапа 7 (ITT) 6. Краен пласман Тур Даун Андер 2018 Светски друмски првенства 1. 20п Хронометар 3. 15п Екипен хронометар 1. 20п Национално хронометарско првенство Вуелта а Еспања 1. Етапа 1 (ITT) 1. Етапа 16 (ITT) 1. Етапа 16 (ITT) Џиро д’Италија Тирено-Адријатико 1. Етапа 1 (ТТТ) 1. Етапа 7 7. Краен пласман Тур де Романди 9. Краен пласман Трка Абу Даби 1. Етапа 4 (ITT) 2019 1. 20п Светско хронометарско првенство 2. Национално хронометарско првенство 2. Краен пласман Тур де Свис 1. Етапа 1 (ITT) 5. Краен пласман Тур Даун Андер 2020 2. Национално хронометарско првенство 4. Краен пласман Тур Даун Андер 5. Светско хронометарско првенство 2021 1. Пролог Тур де Романди 1. Етапа 2 (ITT) Волта а Каталуња 3. 15п Олимписки друмски хронометар 6. Краен пласман Трка околу Британија 1. Етапа 3 (ТТТ) 2022 1. 15px Хронометар на Комонвелтските игри 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања 8. Краен пласман Тур де Романди

Распоред на резултатите

Распоред на резултатите на големите трки Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро————СО 16— 35 — — 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс ТурСО—101СО—— СО — — — 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта —84 — —СОСО — — — 52Распоред на резултатите на етапните трки Етапна трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 Париз-Ница — — СО — — — — — 45 СО Тирено-Адријатико 77 — — —2 79 95 87 — — Волта а Каталуња — — — СО СО — —НСО 46 54 Трка околу Баскија — — 42 — — — СО — — / Тур де Романди 76 43 38 — —7 — 178 Критериум ди Дофине8 — 34 68 — — — — — — Тур де Свис — 89 — — 97 —2НСО 37 СО

Распоред на резултатите на првенствата

Првенство 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 15п Олимписки игри Хронометар colspan="3" rowspan="2" 5 colspan="4" rowspan="2" 3 colspan="1" rowspan="2" Друмска трка СО — 20п Светски првенства Хронометар 12 5 6 6 8 1 1 5 — Друмска трка СО СО — — — СО СО — — Екипен хронометар811223 colspan="4" 20п Национални првенства Хронометар 2 СО 2 1 1 1 2 2 — 1 Друмска трка СО СО СО СО — СО — — — СО

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Наводи

Надворешни врски

Профил на Cycling Base

Категорија:Австралиски велосипедисти Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Велодромски велосипедисти Категорија:Светски прваци во велосипедизам Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Австралија Категорија:Олимписки сребрени медалисти за Австралија Категорија:Олимписки бронзени медалисти за Австралија Категорија:Олимписки медалисти во велосипедизам Категорија:Луѓе од Аделаида Категорија:Австралиски етапни победници на Тур де Франс Категорија:Австралиски етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Австралиски етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020